ВЕСТИ

Бочварски во посета на Штип и Карбинци

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ќе  ги посети општините Штип и Карбинци.  -Бочварски ќе има средба со претставници на транспортни компании од регионот и ќе изврши увид во реконструкција на патниот правец Долни Балван – Таринци, најави Министерството за транспорт и врски. лв/вг/фото:МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »

Кампања за подобрување на дијагноза и регистрација на пациенти со ретки болести во земјава

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, по повод Денот на ретки болести, денеска на прес-конференција ќе ја лансира Кампањата за подобрување на дијагноза и регистрација на пациенти со ретки болести во земјава. Од Здружението информираат дека во рамки на кампањата, почнуваат соработка со Здружението на лекари по …

Повеќе »

Комисиска расправа за Предлог законот за вработените во Министерството за одбрана

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. Членовите на овие две собраниски комисии ќе дискутираат по една точка – Предлог на законот за вработените во Министерството за одбрана, во второ читање. Како што стои во образложението за Предлог-законот објавен на собраниската веб-страна, целта …

Повеќе »

Сончево и релативно топло со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и …

Повеќе »

Почнува собирањето потписи за кандидати за претседател и за пратеници

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува денеска и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК). Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10. 000 потписи од запишаните …

Повеќе »

Велковски: МТСП следи дали во градинките има прием на деца кои не се вакцинирани против голема кашлица

– При запишување на деца во градинка Министерството за труд и социјална политика се придржува кон исполнувањето на протоколите за вакцинирање против голема кашлица и ја следи состојбата на терен, изјави за МИА министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски при денешната посета на детската градинка …

Повеќе »

Џафери: МВР треба да дава соодветни и точни информации, а не да прави хаос во перцепцијата на граѓаните (ДПЛ)

– Министерството за внатрешни работи треба да дава соодветни и точни информации до граѓаните, а не да прави хаос во перцепцијата на граѓаните. Ова денеска го изјави техничкиот премиер Талат Џафери, откако деновиве техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со проблемот за издавање пасоши обвини за „саботажа“ …

Повеќе »

Работна средба на директорите на полициите на Северна Македонија и на Црна Гора

Во период од 21 до 23 февруари 2024 година, во работна посета на Северна Македонија, како гостин на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски престојува директорот на Управа на полиција на Црна Гора Зоран Брџанин. Како што информира МВР, работниот дел, кој се одржал денеска бил искористен за …

Повеќе »

Дел од Аеродром без вода

 Без вода денеска од 14:45 часот се дел од жителите на општина Аеродром, лоцирани на улиците „Бојмија“, „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Владимир Комаров“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен дефект во висока зона од ф-150 милиметри на улица „Бојмија“ бр. 8. Корисниците …

Повеќе »

Штипските извидници ќе го одбележат Денот на извидниците со низа активности

Во Штип ќе одржи централна прослава по повод Денот на извидниците, најави денеска Бојан Андонов, началник на Извидничкиот одред (ИО) „Еквинокс“. По тој повод в сабота во Домот на млади ќе се организира крводарителска акција, изложба, како и продажба на рачно изработени предмети. Средствата кои ќе се соберат од продажбата …

Повеќе »