СВЕТ

Макрон и Лула објавија план за инвестирање милијарда евра во Амазонија

– Претседателите на Бразил и Франција вчера објавија план за инвестирање една милијарда евра во Амазонија, вклучително и делови од џунглата во соседна Француска Гвајана. Владите на двете земји во заедничко соопштение наведоа дека парите ќе бидат искористени во следните четири години за заштита на шумата. Тоа ќе биде соработка …

Повеќе »

Во Тунис четири лица осудени на смрт за убиство на политичар во 2013 година

Тунискиот суд денеска осуди четири лица на смрт и две на доживотен затвор, обвинети за учество во убиството на истакнатиот политички лидер Чокри Белаид во 2013 година.  Белаид, левичарски политичар, беше жесток критичар на исламистичката партија Енахда, тврдејќи дека тие не реагираат на насилството извршено од екстремистите врз секуларистите.  Тој …

Повеќе »

Нуркачи ќе трагаат по шестмината исчезнати работници од урнатиот мост во Балтимот

Нуркачите денеска во водите околу остатоците од урнатиот мост во пристаништето Балтимор, ќе трагаат по шесте работници за кои се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти. Ударот на контејнерскиот брод на мостот, кој предизвика негово уривање, предизвика и затворање на пристаништето Балтимор на неопределено време. Тоа е едно од …

Повеќе »

Русија ја отфрла мировната конференција во Швајцарија

Русија не гледа шанси Швајцарија да ги води напорите за обезбедување мир во Украина, изјави постојаниот руски претставник во Обединетите нации во Женева, Генадиј Гатилов, откако официјален Берн соопшти дека планира во следните месеци да организира мировна конференција на високо ниво за Украина, пренесоа британските медиуми. Швајцарските власти соопштија дека …

Повеќе »

Сијарто: Будимпешта нема намера да ги прекине контактите со Москва

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за руската државна новинска агенција рече дека Будимпешта нема намера да ги прекине контактите на високо ниво со Москва и дека сите средства за комуникација мора да останат отворени. „Унгарија очигледно е во контакт со руските лидери и тоа се подразбира. …

Повеќе »

САД го отфрлија тврдењето на Нетанјаху дека гласањето за прекин на огнот во ОН им наштети на преговорите

– Американската влада го отфрли тврдењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека барањето на Советот за безбедност на ОН за итен прекин на огнот во Газа им наштетило на преговорите меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас за ослободување на заложниците. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер рече дека …

Повеќе »

Протест против Орбан заради објавена снимка на негов соработник за примање мито

Илјадници луѓе протестираа вчера во Будимпешта во близина на Парламентот, барајќи главниот обвинител и премиерот Виктор Орбан да поднесат оставка, откако поранешен владин инсајдер обвини висок соработник на Орбан за вмешаност во случај со поткуп. Демонстрантите маршираа од канцеларијата на јавниот обвинител кон Парламентот извикувајќи „оставка“, а многумина носеа факели. …

Повеќе »

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

Најмалку седум лица загинаа денеска во израелски воздушен напад врз јужниот либански град Набатија, изјавија безбедносни извори за британските медиуми. Британските медиуми претпоставуваат дека цел на нападот биле засолништата на исламистите во селото Хебарија. Тројца милитанти на Хезболах вчера беа убиени во израелски воздушен напад во близина на два града …

Повеќе »

Преговорите во Доха за прекин на огнот во Газа влегоа во ќорсокак, Израелците ги напуштија

Преговарач, близок до шефот на Мосад, го обвини лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, за саботажа на дипломатијата „како дел од пошироките напори да се разгори оваа војна за време на Рамазан“. Завојуваните страни ги засилија преговорите, со посредство на Катар и Египет, за шестнеделен прекин на израелската офанзива …

Повеќе »

Пропадна и третиот обид за избор на спикер на португалскиот парламент

– Неуспехот и во третиот обид да се избере претседател на парламентот во Португалија откри длабоки политички несогласувања во новиот законодавен дом избран на 10 март, коментира ДПА. На вчерашната конститутивната седница ниту еден кандидат не го освои потребното апсолутно мнозинство од 116 гласови во 230-члениот Парламент. Пратениците денеска повторно …

Повеќе »