Breaking News

СВЕТ

Русите го гранатираа Харков, Украинците го нападнаа Белгород

Шест лица загинаа, а 10 се ранети во рускиот напад на Харков, на североистокот на Украина, изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов. Тој на „Телеграм“ напиша дека во нападот со дрон „Шахед“ се оштетени најмалку девет високи згради, голем број административни згради, продавници, бензинска пумпа, како и автомобили, објавија украинските …

Повеќе »

Зеленски повика на зајакнување на воздушната одбрана во регионот Харков

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја истакна важноста од зајакнување на капацитетите за противвоздушна одбрана што ќе го заштити регионот Харков од руските напади, пренесоа украинските медиуми. -Рускиот терор врз Харков продолжува. Нови напади врз градот и областа. Оштетени се станбени згради и цивилна инфраструктура. За жал, шест лица загинаа. …

Повеќе »

Во Словачка втор круг од претседателските избори

Во Словачка денеска се гласа на вториот круг од претседателските избори. Избирачките места се отворени утринава во 7 часот, а гласањето завршува во 22 часот, јавуваат локалните медиуми. Ова се шести непосредни претседателски избори од осамостојувањето на Словачка. Граѓаните избираат меѓу двајца кандидати кои влегоа во вториот круг – Иван …

Повеќе »

Русија евакуираше повеќе од 700 луѓе од нивните поплавени домови во Орск

Повеќе од 700 луѓе беа евакуирани од своите домови во рускиот град Орск, еден ден по издигнувањето на реката Урал, поплавувајќи ги селата покрај реките и предизвикајќи пукнување на браната, соопшти Министерството за вонредни состојби. Спасувачките тимови евакуираа 711 лица, меѓу кои 210 деца, од градот со 230. 000 жители, …

Повеќе »

Брнабиќ: На изборите во Белград СНС во коалиција со Дачиќ и со Вучиќ како носител на листата

Претседателката на српското Собрание и потпретседател на ГО на СНС Ана Брнабиќ денеска изјави дека Српската напредна партија на изборите во Белград на 2 јуни ќе има досега најширока можна коалиција меѓу кои е и СПС на Ивица Дачиќ и посочи дека носител на листата ќе биде Александар Вучиќ, јави …

Повеќе »

САД се во состојба на зголемена готовност поради можни напади од Иран на Блискиот исток

САД се наоѓаат во состојба на зголемена готовност поради можен напад од Иран на израелски или американски објекти во регионот како одговор на нападот на Израел на иранската амбасада во Сирија, соопшти синоќа извор во Белата куќа. -Точно е тоа дека се наоѓаме во состојба на зголемена готовност, изјави извор …

Повеќе »

Началник на МВР: Главниот осомничен не кажува каде е телото на девојчето

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Цмолиќ изјави дека денеска повторно ќе се пребаруваат повеќе локации за да се најде телото на двегодишното дете Данка Илиќ и дека нема да застанат додека не успеат, јави дописникот на МИА од Белград. – Повторно ќе ги пребараме нивните куќи и околината, …

Повеќе »

Во Јужна Кореја втор ден предвремено гласање за парламентарните избори

Во Јужна Кореја денеска е вториот и последен ден од предвременото гласање на парламентарните избори, а вчера е забележан рекорден одѕив. Државната изборна комисија соопшти дека вкупната излезност утринава достигнала 17,78 отсто, односно до девет часот по локално време гласале 7,87 милиони гласачи. Граѓаните денеска можат да гласаат на 3. …

Повеќе »

Голем шумски пожар на грчкиот остров Крит, превентивно евакуирани населени места

– Голем шумски пожар избувна утрово во близина на градот Иерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, а превентивно беа евакуирани жителите на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Поради силниот ветер отежнато е гаснењето на пожарот, а интервенираат 120 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 …

Повеќе »

Американската министерка за финансии ги предупреди кинеските компании да не и помагаат на Русија

Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска ги предупреди кинеските компании да не и помагаат на Русија на кој било начин, објавија странските агенции. „Компаниите, особено кинеските, не треба да даваат материјална поддршка за руската војна против Украина, за руската одбранбена индустрија“, нагласи Јелен во Гуангжу. Таа се закани со …

Повеќе »