Breaking News

СВЕТ

Министрите за животна средина на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) се обврзаа да се стави крај на загадувањето со пластика до 2040 година

Министрите за животна средина на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), на крајот од дводневниот состанок во јапонскиот град Сапоро, се обврзаа да се стави крај на загадувањето со пластика до 2040 година, јави германската новинска агенција ДПА. Планот на Г7 е поамбициозен од договорот на Г20 од …

Повеќе »

Во Финска почна со работа најголемиот нуклеарен реактор „Олкилуото 3“ (ОЛ3)

Во Финска денеска почна со работа најголемиот нуклеарен реактор „Олкилуото 3“ (ОЛ3) во Европа, со што ќе се осигури енергетската безбедност што беше нарушена откако Русија во мај минатата година престана да доставува гас и електрична енергија. Операторот на ОЛ3, „Теолисуден воима“ (ТВО) соопшти дека очекува новиот нуклеарен реактор да …

Повеќе »

И Унгарија забрани увоз на украинско жито

Унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ изјави дека Унгарија привремено го суспендира увозот на украинско жито и други прехранбени производи од Украина. – Владата е посветена на застапување на интересите на унгарската земјоделска заедница, поради што, во отсуство на значајни мерки на ЕУ, привремено го забранува увозот на житарки и …

Повеќе »

Украинската армија тврди дека соборила руски авион Су-25

Генералштабот на украинската армија соопшти дека воздухопловните сили вчера извршиле 11 напади врз места каде се концентрирани руски војници и опрема и три напади врз позиции на руски противвоздушни ракетни системи. Генералштабот наведува и дека е соборен рускиот борбен авион Су-25. Во меѓувреме, гувернерот на областа Миколајив, Виталиј Ким изјави …

Повеќе »

Г7 вети забрзување на мерките за обновлива енергија и нула емисии на јаглерод

Во заедничката изјава од дводневната средба на министрите за енергетика и екологија на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), што се одржа во Сапоро, Јапонија, се ветува интензивирање на напорите за почиста, обновлива енергија. Но, не е предвиден краен рок за затворање на електраните на јаглен. Јапонија доби …

Повеќе »

Бербок во посета на Кина

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок со денешната посета на германска компанија за електромотори, со седиште во кинескиот североисточниот пристаништен град Тијанџин, ја почна тридневната посета на Кина. Таа ја посети фабриката „Витеско“ (Vitesco) придружувана од кинескиот министер за надворешни работи Цаи Ган. Бербок заедно со Цаи со воз отпатуваа …

Повеќе »

Борел: ЕУ тешко ќе и верува на Кина ако не се обиде да изнајде политичко решение за украинската криза

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел изјави дека Европа тешко може да и верува на Кина, ако Пекинг не се обиде да изнајде политичко решение за украинската криза. Борел денеска требаше да одржи говор во Пекинг, но ја откажа посетата на Кина поради тоа …

Повеќе »

Северна Кореја тестираше нов вид балистички проектил

Северна Кореја соопшти дека вчера тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво (ИЦБМ), а лидерот Ким Џонг-ун рече дека тоа претставува голем чекор во способноста на Пјонгјанг да изврши нуклеарен контранапад, објавија државните медиуми. „Хвасонг-18 ќе ја брани Северна Кореја, ќе ги сузбие инвазиите и ќе ја заштити безбедноста …

Повеќе »

Повеќе од 1,5 милиони луѓе учествуваа во протестите во Франција

Во Франција вчера, на 12 ден од протестите против реформите во пензискиот систем, според податоци на Генералната конфедерација на синдикатот на работници, учествувале над 1,5 милиони луѓе. Додека француското Министерство за внатрешни работи тврди дека во акциите и протестите учествувале 380.000 луѓе. Синдикатот и француското МВР исто така не се …

Повеќе »

Вучиќ изнесе пет заклучоци од состанокот со Србите на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој со премиерката Ана Брнабиќ и членови на владата се на средба со Србите од Косово во Рашка, констатираше пет заклучоци кои ќе бидат предложени до Владата, да постапи според нив, јави дописникот на МИА од Белград. – Ќе и предложиме на Владата да донесе заклучоци …

Повеќе »