СВЕТ

Киев: Ослабнаа борбите во Бахмут, но гранатирањето во областа несмалено продолжува

Борбите во Бахмут ослабнаа, но гранатирањето продолжува во областа, соопшти денеска заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар. Таа, на апликацијата Телеграм, напиша дека украинските војници држат мало упориште на работ на градот и дека руските сили ги чистат окупираните области. Војската на Русија во саботата соопшти дека презеле целосна контрола …

Повеќе »

Ципрас не го прими мандатот, рече дека презема одговорност за изборниот резултат и им се извини на поддржувачите

– Ја исполнив мојата инситуционална должност да дојдам и да Ви кажам дека нема да го примам мандатот, бидејќи не произглегува можност за формирање Влада, истакна лидерот на  СИРИЗА Алексис Ципрас на средбта со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. Откако претседателот на Нова демократија Кирјакос …

Повеќе »

Седницата на Собранието на Србија на која се разгледува извештајот за безбедносната состојба по масовните убиства

Собранието на Србија денеска, трет ден ќе ја продолжи расправата за безбедносната состојба во државата по двете масовни убиства во училиштето „Владислав Рибникар“ и две села во Младеновац и извештајот поднесен од Владата, јави дописникот на МИА од Белград. На дневен ред е и извештајот на Регулаторното тело за електронски …

Повеќе »

„Тик-ток“ ја тужи американската сојузна држава Монтана

Апликацијата „Тик-ток“ поднесе тужба против американската сојузна држава Монтана, каде што ќе стапи во сила забрана на платформата. Во новото обвинение се вели дека тој Закон за забрана на „Тик-ток“ и неговата работа во државата е неуставно кршење на правата на слободата на говорот и се заснова на „неосновани шпекулации“ …

Повеќе »

Дојави за бомби во училиштата во неколку градови во Србија

Училиштата во повеќе градови во Србија утринава добија дојави за бомби, а за некои од нив веќе е утврдено дека се лажни, јави дописникот на МИА од Белград. Утринава дојави за бомби добија седум училиштата во Нови Сад, две основни училишта во Горњи Милановац, како и во училиштата во Прањани …

Повеќе »

Реакција на официјален Пекинг по самитот на Г7 во Хирошима: Дали сте сериозни дека Кина е закана за мирот и безбедноста во светот

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чуњин ги критикуваше изјавите на учесниците на самитот на Г7 што изминатиот викенд заврши во Хирошима. На самитот беше кажано дека политиката на Кина во моментов претставува закана за мирот и безбедноста на глобално ниво. „Некои членки на Г7 ја нарекоа Кина …

Повеќе »

Санкционираниот руски министер за внатрешни работи во посета на Саудиска Арабија, неколку дена по Зеленски

Рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев, кој е под западни санкции, ја посети Саудиска Арабија и разговараше со својот колега во кралството – неколку дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на самитот на Арапската лига во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море. Посетата на Владимир Колоколцев е …

Повеќе »

Деветмина уапсени во БиХ за детска порнографија

Девет лица се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение дека искористувале деца за порнографија, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска. Апсењата ги извршиле припадници на одделот за високотехнолошки криминал на Управата на криминалистичка полиција на ентитетот, во соработка со полицијата од Бјелина, Добој и …

Повеќе »

Израелската војска урна куќа на палестински напаѓач на Западниот брег

Израелските безбедносни сили синоќа на окупираниот Западен Брег ја урнаа куќата на палестинскиот напаѓач кој уби Израелец во март во Тел Авив. Во вооружениот напад во март 22-годишниот Мутаз Салах ал Каваџа рани уште двајца Израелци, јавуваат израелските медиуми. Напаѓачот потоа бил убиен од израелски војници и цивили. Израелските војници …

Повеќе »

Керол: Ќе барам од Трамп поголема компензација

Колумнистката Е. Џин Керол најави дека ќе го зголеми своето барање за отштета во првата од двете тужби за клевета што ги покрена против поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Таа рече дека ќе бара уште најмалку 10 милиони долари дополнителна отштета за коментарите што поранешниот американски претседател ги даде на …

Повеќе »