СВЕТ

Шолц: Мирот во Украина е можен во секој момент, само ако Путин ги повлече војниците

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, „варварска“ кампања и ги повлече војниците. Шолц за „Маркише Алгемајне цајтунг“ рече дека секогаш имало иницијативи за посредување. „На пример, веднаш по избувнувањето на …

Повеќе »

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

– Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови. Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се …

Повеќе »

Во Јапонија минатата година регистрирани рекордни 122.806 случаи на злоставување деца

Јапонската полиција ги предупреди центрите за згрижување деца за рекордни 122. 806 наводни жртви на злоставување во 2023 година, што е за 6,1 отсто повеќе од претходната година, соопшти денеска Националната полициска агенција. Минатата година полицијата спроведе рекордни 2. 385 кривични истраги за случаи на злоставување деца, што е за …

Повеќе »

Еврокомесарот Рејндерс од 25 април ја става функцијата во мирување   

– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го одобри барањето еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс за неплатено отсуство од должноста, откако на почетокот на неделава Комитетот на министри на Советот на Европа ја поддржа неговата кандидатура за нов генерален секретар на оваа паневропска организација, соопшти ЕК.  Во соопштението …

Повеќе »

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа да придонесе за мир

– Потребата Косово да преземе дополнителни дејствија за неговото членство во Советот на Европа да придонесе за мир, но и потребата за дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат околу статусот под кој би бил приемот, ги истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој воедно е и претседател на …

Повеќе »

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

– Парламентот на Индонезија денеска одлучи дека поранешната метропола Џакарта ќе остане економски центар на земјата, како дел од планот за преместување на главниот град на островот Борнео. Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, Џакарта чија надморска височина е се попониска, во Нусантара, град вреден 32 …

Повеќе »

Три лица се повредени во вооружен напад на Западниот Брег

Израелските власти денеска соопштија дека три лица се повредени во вооружен напад врз неколку возила на главниот пат на окупираниот Западен Брег. Израелската армија соопшти дека напаѓачот побегнал и дека е во тек потера. Итната помош извести дека меѓу повредените има и 13-годишно момче. Тензиите на Западниот Брег се засилија …

Повеќе »

Израел соопшти дека во Ал Шифа се убиени повеќе од 200 борци на Хамас

– Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 200 вооружени лица биле убиени за време на операцијата против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа. Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегле од собата за итни случаи во Ал Шифа, каде што се криеле и отвориле оган …

Повеќе »

Хантер Бајден бара отфрлање на обвиненијата за затајување данок, за кои тврди дека се политички мотивирани

Адвокатите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, побараа да се отфрлат обвиненијата против него за федерално затајување данок како дел од политички мотивираното гонење. Ејб Ловел, главниот бранител на Хантер Бајден, истакна дека ова не е обичен случај, тврдејќи дека има неправилности во начинот на кој бил …

Повеќе »

Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите

– Москва не бара конфронтација со американските вазали во Источна Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Неколку западни функционери се обидоа да соберат поддршка за поголема помош за Украина тврдејќи дека Москва нема да запре доколку Киев биде поразен на бојното поле. Путин се осврна на овие тврдења за време …

Повеќе »