Breaking News

СВЕТ

„Дело“: Љубљана лобира Борут Пахор да го наследи Мирослав Лајчак во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија и основач на „Пријатели на Западен Балкан“, Борут Пахор, со поддршка на словенечкото Министерство за надворешни работи, лобира да ја преземе функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, пишува словенечкиот весник „Дело“. Според љубљанскиот весник, Министерството за надворешни работи оценило дека Пахор …

Повеќе »

Парламентарни избори во Јужна Кореја – можна победа на опозицијата

 – Во Јужна Кореја денеска се одржуваат парламентарни избори, кои некои аналитичари ги гледаат како референдум за претседателот Јун Сук-Јол, чија популарност опадна поради зголемените трошоци за живот и низата политички скандали. До 14 часот по локално време гласале речиси 25 милиони лица или 56,4 отсто од гласачите, наведе Националната …

Повеќе »

Хамнеи: Израел мора да биде казнет за нападот во Дамаск; Кац: Ќе одговориме соодветно

– Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека Израел „мора да биде казнет“ и „ќе биде казнет“ за нападот врз иранскиот конзулат во Сирија, за кој Техеран го обвини Тел Авив. -Злобниот режим направи грешка, мора да биде казнет и ќе биде казнет, рече Хамнеи во говорот …

Повеќе »

Си и Лавров: Кина и Русија ги здружија силите за наоѓање нов пат на хармоничен соживот и соработка 

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на која посочи дека годинава се одбележуваат 75 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Русија и дека двете земји ги здружија силите за да најдат нов пат на хармоничен соживот и соработка …

Повеќе »

Русија ноќеска со 17 дрона ја нападна Украина, Украинците возвратија со пет дрона во регионот Брјанск

Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со 17 јуришни беспилотни летала „Шахед-131/136“, две крстосувачки ракети „Искандер-К“ и една балистичка ракета „Искандер-М“, што беа насочени кон регионите Одеса, Николаев, Херсон и Кировоград, соопштија украинските власти. Во текот на утрото во Одеса се слушнаа силни експлозии, а соопштено е дека …

Повеќе »

Белата куќа оценува дека изјавите на Хамас за прекин на огнот во Газа не се охрабрувачки

Белата куќа денеска соопшти дека изјавите на Хамас во врска со предлогот за прекин на огнот во Газа поврзан со ослободувањето на заложниците „не се многу охрабрувачки“, иако посредниците се уште чекаат официјален одговор од палестинското исламистичко движење. -Го видовме Израел како прави неколку чекори напред во однос на она …

Повеќе »

ИДФ: Во Газа вчера влегле рекордни 468 камиони со помош

– Во последните три дена во Појасот Газа влегоа над 1. 200 камиони со хуманитарна помош, од кои само вчера 468, што претставува најголем број камиони со хуманитарна помош од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас, соопшти израелската армија (ИДФ). Ова доаѓа во време кога Израел е под …

Повеќе »

Американската сојузна држава Аризона ги забрани речиси сите абортуси, Бајден ја осуди одлуката

Врховниот суд во Аризона денеска го оживеа законот од 1864 година со кој се забрануваат речиси сите абортуси, симболична одлука со важни изборни импликации неколку месеци пред претседателските избори во оваа клучна јужна сојузна држава. Законот од пред речиси 150 години забранува секаков абортус од моментот на зачнувањето, освен ако …

Повеќе »

ОН во март бележат драстичен пораст на бројот на загинати и ранети цивили во Украина

Набљудувачите на Обединетите нации забележаа ненадејно зголемување на цивилните жртви во Украина минатиот месец поради засилените напади на руските сили, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за човекови права. Во март меѓу жртвите   најмалку 57 деца се убиени или повредени, што е двојно повеќе од февруари, јави Хина. Набљудувачката мисија …

Повеќе »

Тахири: Курти се занимава со ситни работи, како регистерските таблички и динарот

– Поранешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека премиерот Албин Курти ги загубил големите битки во преговорите и „се занимава со мали битки“, како што се регистарските таблички и употребата на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Тахири во синоќешното …

Повеќе »