Breaking News

СВЕТ

Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде 

– Терористичката мрежа Ал Каеда ги повика симпатизерите да почнат да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници ширум светот. „Џихадот против агресивните Евреи и нивните сојузници нека се прошири на секоја земја, море и небо“, се наведува во соопштението објавено вчера преку вообичаените пропагандни канали на терористичката мрежа, пренесе Хина. …

Повеќе »

ИДФ: Жителите на Газа треба да се упатат на југ од енклавата меѓу 10 и 16 часот по локално време

Израелската армија им порача на цивилите кои живеат во северниот дел на Појасот Газа денеска да користат два патни правци за да се упатат кон југ, изјави портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае. Во изјавата објавена на арапски јазик на социјалната мрежа Х, портпаролот Адрае наведува дека двете рути може да …

Повеќе »

Борел: Целосно е невозможно за 24 часа да се евакуираат милион лица од северот на Газа

Највисокиот европски дипломат, Жозеп Борел, утринава на прес-конференција изјави дека е целосно невозможна евакуацијата на милион лица од северниот дел на Газа. Десетици илјади цивили вчера почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива. -Да се …

Повеќе »

ИДФ: Хамас во Газа како заложници држи над 120 цивили

– Хамас во Појасот Газа во заробеништво држи над 120 цивили, јавија израелските одбранбени сили (ИДФ). Претходно, израелските медиуми објавија дека за време на рациите на ИДФ биле пронајдени мртвите тела на исчезнатите во минатонеделниот напад. Според израелскиот весник „Хаарец“, вооружените сили влегле во енклавата каде што се верува дека …

Повеќе »

Израелски медиуми тврдат дека од Газа се извлечени телата на исчезнати Израелци

Телата на неколку Израелци, кои изминатата недела беа киднапирани од Хамас за време на нападот, се пронајдени од израелската армија за време на вчерашниот копнен напад врз Газа, јавија израелските весници. Весниците „Харец“ (Haaretz) и „Џерусалим Пост“ (Jerusalem Post) наведуваат дека израелските одбранбени сили пронашле неодреден број тела, враќајќи ги …

Повеќе »

Настан „НАТО трча за сите“ за поддршка на различностите и инклузивноста

Tри ресурсни групи на персоналот на НАТО кои се залагаат за поинклузивна работна средина за расните малцинства, припадниците на ЛГБТИ+ заедницата и вработените родители во кругот на седиштето на Алијансата во Брисел организираа настан насловен „НАТО трча за сите“, чија цел беше промовирање на различностите и зацврстување на единството.  „НАТО …

Повеќе »

ЕК иницира анкета за глобалните предлог-принципи за безбедност и доверливост на вештачката интелигенција  

– Европската комисијата иницираше анкета за Предлогот на меѓународни принципи за организации кои развиваат напредни системи за вештачка интелигенција, утврден од страна на Г7 во консултации со засегнатите страни.  Целта на овие 11 предложени меѓународни принципи, усогласени од Хирошимскиот процес за вештачка интелигенција, е да ја промовираат безбедноста и доверливоста …

Повеќе »

Партијата на европските социјалисти го суспендираше членството на словачките партии „Смер“ и „Глас“

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) го суспендираше членството на словачките партии „Смер“ и „Глас“, поради нивниот политички курс и одлуката новата Влада на Словачка да ја формираат во коалиција со партијата на екстремната десница. На предлог на раководството на ПЕС, претседателството на партијата одлучи да го замрзне полноправното членство на …

Повеќе »

Израелската армија фрли флаери со предупредување жителите на Газа „веднаш“ да избегаат

Израелската војска денеска фрла летоци врз Газа со предупредување жителите да се упатат „веднаш“ на југ, јавија дописниците на француски и британски медиуми од палестинската територија. „Веднаш евакуирајте ги своите домови и одете јужно од Вади Газа“, пишуваше во летоците фрлени од дронови. Мапата прикажана на летоците означува стрелка која …

Повеќе »

Арапска лига: Принудниот трансфер на населението во Газа е злосторство

Наредбата на Израел до Палестинците да го евакуираат северниот дел на блокираниот Појас Газа е „присилен трансфер“ што претставува „злосторство“, изјави денека шефот на Арапската лига, Ахмед Абул Геит. Генералниот секретар на пан-арапското тело, во писмо испратено до шефот на ОН, Антонио Гутереш, исто така го обвини Израел дека извршил …

Повеќе »