18/04/2025

Сменет кинескиот министер за одбрана Ли


– Кинескиот претседател Си Џинпинг го разреши генералот Ли Шангфу од функцијата министер за одбрана и од Државниот совет.


Тоа е второ смена на висок претставник на кинеското раководство во изминатите три месеци, откако во јули беше разрешен од функцијата и поранешниот министер за надворешни работи Чин Ганг.


Сè уште не е познато зошто Ли е разрешен. Исто така не е познато кој ќе биде именуван за министер за одбрана …„Фајненшл тајмс“ во август објави дека Ли можеби е суспендиран и дека е под истрага.

 ми/фото: Википедија .


Извор: МИА