Breaking News

СВЕТ

Г7 ќе повика на хуманитарен прекин на огнот во војната во Газа

– Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 сакаат да повикаат на хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и исламистичкиот Хамас во Појасот Газа, јавија јапонските медиуми. Јапонската новинска агенција Кјодо го објави извештајот цитирајќи јапонски владини кругови. Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 планираат …

Повеќе »

Бајден побара од Нетанјаху привремен прекин на операциите во Газа

Американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху привремена пауза во воените операции на Израел во Појасот Газа, соопшти Белата куќа. Портпаролот на Белата куќа кажа дека американскиот претседател и израелскиот премиер во понеделникот разговарале за „тактички паузи“ во израелската офанзива врз Газа поради хуманитарни причини и можното …

Повеќе »

Земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Индонезија, нема предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на Бандското Море во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).  Епицентарот на земјотресот бил на 370 километри југоисточно од Амбон, на длабочина од 146 километри, додава EMSC.  Нема предупредување за цунами од земјотресот, соопшти Пацифичкиот центар …

Повеќе »

Нетанјаху: Нема прекин на огнот, ниту гориво за Газа, доколку Хамас не ги ослободи заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека нема да има прекин на огнот и нема да се дозволи доставување гориво во Појасот Газа доколку Хамас не ги ослободи заложниците. „Нема влез за гориво, ниту за (палестинските) работници во Израел, ниту прекин на огнот без ослободување на нашите заложници“, нагласи Нетанјаху …

Повеќе »

Пападопулу: Европската перспектива на Украина и Молдавија да не биде на товар на земјите од Западен Балкан

– Грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан, ја повтори заменик-министерката за надворешни работи на Грција Александра Пападопулу, говорејќи на конференцијата „Циклус идеи“ и истакна дека Европа не смее да дозволи да има црна дупка, ниту пак интеграцијата на Украина и Молдавија да биде на товар на земјите од …

Повеќе »

ОН: Најмалку 600 луѓе делат еден тоалет во засолниште во Газа

Најмалку 600 луѓе делат еден тоалет во преполното засолниште на ОН во јужниот дел на Газа, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. Околу 22. 000 луѓе се засолниле во Кан Јунис Тренинг, центар на Агенцијата на ОН за помош и работи, каде што има само два метри …

Повеќе »

Блинкен инсистира на јасен став на Г7 за судирот меѓу Хамас и Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги повика министрите на земјите од Г7, кои се среќаваат во Токио, да изразат јасен став за конфликтот меѓу Израел и Хамас. Ова е многу важен момент во врска со оваа криза и Г7 мора јасно и едногласно да се изрази, изјави Блинкен пред …

Повеќе »

Додик: Република Српска ќе прогласи независност доколку Шмит наметне закон за имот

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека отцепувањето на Република Српска не е план на нејзиното раководство, но посочи дека сега има 10 до 15 земји кои изразиле подготвеност тоа да го поддржат, а меѓу нив има и членки на Европската унија, но и други земји во светот. „Не …

Повеќе »

Хазири по средбата со Лајчак: Не држат во мрак, побаравме Косово да не се казнува поради неспособноста на владата

– Потпретседателот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љутфи Хазири, изјави дека опозицијата се држи во мрак во врска со нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово, предложен од Европската унија и Соединетите Американски Држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Хазири во изјава за медиумите …

Повеќе »

УНРВА: Ситуацијата во Газа е „трагедија со колосални размери“

Ситуацијата во Појасот Газа е „трагедија со колосални размери“, оцени денеска Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), еден месец по почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. УНРВА во објава на мрежата „Икс“ објави дека еден месец на луѓето низ Појасот Газа им била …

Повеќе »