Breaking News

СВЕТ

Најмалку 11 загинати и над 50 повредени во верижен судар во Турција

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми. Во верижен судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Медиумите јавуваат дека областа е …

Повеќе »

Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната

Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната во март 2024 година, во поморската и воздушната гранична зона, соопшти романската влада. „После 13 години Романија конечно ќе се приклучи на Шенген! Имаме политички договор за ова“, напиша романскиот премиер Марсел Чолаку на Фејсбук. Романското Министерство …

Повеќе »

Србија/Избори: Изборен молк пред повторените избори на 32 избирачки места во Србија и три во Белград

Изборен молк почна на полноќ во Србија, во пресрет на повторени избори на повеќе од 30 избирачки места, и ќе трае до затворањето на тие избирачки места в сабота, 30 декември, во 20 часот. Право на глас на повторените парламентарни избори имаат 15. 566 граѓани. Истиот ден ќе се повтори …

Повеќе »

Началникот на ГШ на ИДФ вели дека земјата мора да биде подготвена за офанзива против Либан

 –  Израелската армија се повеќе е подготвена решително да ја прошири својата борба против шиитската милиција Хезболах во Либан. „Одобривме различни планови за иднината и мораме да бидеме подготвени за офанзива доколку е потребно“, рече началникот на Генералштабот, Херзи Халеви за време на посета на воениот штаб во северниот израелски …

Повеќе »

Макрон до Нетанјаху: Потребен „траен прекин на огнот“ во Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон побара „траен прекин на огнот“ во Газа за време на телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.  Макрон нагласил дека е неопходно да се постигне траен прекин на огнот во Газа „со помош на сите регионални и меѓународни партнери“, соопшти Елисејската палата. Франција во наредните денови …

Повеќе »

Од САД за Украина 250 милиони долари – последна транша достапна без гласање во Конгресот

 – САД соопштија дека и доделиле на Украина 250 милиони долари помош за одбрана. Тоа е последната транша од помошта достапна без ново гласање во американскиот Конгрес. „Императив е Конгресот да дејствува што е можно поскоро за да ги унапреди нашите национални безбедносни интереси помагајќи и на Украина да се …

Повеќе »

Албанска агенција за информатичко општество: Земјата е под масовни кибер напади, но податоците се безбедни

Албанската агенција за информатичко општество преку соопштение ја информираше јавноста дека „земјата е под масовни кибер напади, но дека податоците се безбедни“. Освен мобилната компанија „One Albania“, воздухопловната „Ер Албанија“, албанскиот Парламент, Управата за јавни приходи, Албанската државна висока контрола, агенцијата потврдува дека и таа „станала жртва на кибер напади“. …

Повеќе »

Санчез е против употребата на поморските сили на ЕУ за заштита на бродовите во Црвеното Море

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека Шпанија се противи на употребата на поморските сили на Европската унија за заштитата на трговските бродови во Црвеното Море од нападите на јеменските Хути, но додаде дека Мадрид е подготвен да размисли за формирање нова мисија за решавање на проблемот. -Ние сме подготвени …

Повеќе »

Русија ја поддржува кандидатурата на Индија за прием во СБ на ОН

– Русија ја поддржува кандидатурата на Индија за прием во Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорот со неговиот индиски колега Субрамањам Џаишанкар. – Самитот на Г20 во Њу Делхи што се одржа минатата година беше вистински триумф на индиската надворешна …

Повеќе »

Почина полицаецот кој беше тешко повреден во инциденти со хулигани во Атина

– Грчкиот полицаец, кој пред 20 дена беше сериозно повреден во инцидентите пред спортска сала во Атина за време на одбојкарскиот натпревар Панатинаикос-Олимпијакос, денеска им подлегна на тешките повредите, јави дописничката на МИА од Атина. Полицаецот беше хоспитализиран во критична состојба, откако на 7 декември беше погоден во горниот дел …

Повеќе »