СВЕТ

Берни Сандерс го повика Конгресот да го блокира пакетот воена помош за Израел

Влијателниот американски сенатор Берни Сандерс го повтори својот повик до Конгресот да ја блокира предложената воена помош од повеќе милијарди долари за Израел и ја осуди израелската воена кампања во Појасот Газа како „незаконска, неморална, брутална и крајно непропорционална војна на Нетанјаху против палестинскиот народ“. Сандерс, прогресивен еврејски пратеник од …

Повеќе »

Експлозии во Белгород, руската противвоздушна одбрана соборила 12 проектили

Украинските војници утринава двапати го гранатираа Белгород, објави гувернерот на таа руска област, Вјачеслав Гладков, додека руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 12 проектили. -Ситуацијата во Белгород се уште е напната. Од утрово има две гранатирања. Работеше противвоздушната одбрана, напиша Гладков на својот канал на Телеграм, пренесуваат …

Повеќе »

Турската лира падна на најниска вредност во однос на доларот

Турската лира го достигна своето најниско ниво во однос на американскиот долар и вчера се тргуваше за 29,70 лири за долар. Економистот Алатин Акташ изјави за дневниот весник „Џумхуриет“ (Cumhurriyet) дека се очекува годинава курсот на доларот да порасне на околу 40 лири за долар. Инфлацијата во Турција во ноември …

Повеќе »

Хезболах му се закани на Израел: Убиството на функционери на Хамас во Бејрут нема да помине неказнето

– Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека убиството на високи функционери на Хамас во Бејрут претставува „сериозен напад врз Либан“ и „опасен развој“ во војната со Израел. – Ова злосторство нема да остане неодговорено и казнето. Верни сме на нашите принципи и обврски кои самите си ги дадовме. Ова е …

Повеќе »

Вооружени напаѓачи киднапираа автобус со 31 мигрант во северно Мексико

Мексиканските безбедносни служби трагаат по 31 мигрант кои во саботата биле киднапирани од вооружени лица додека патувале со автобус до американската граница преку северната држава Тамаулипас, соопштија вчера властите. Од канцеларијата за државна безбедност изјавија дека автобусот тргнал од индустрискиот град Монтереј, а неговата дестинација бил градот Матаморос, спроти Браунсвил, …

Повеќе »

Американските разузнавачки служби уверени дека Хамас ја користел болницата Ал-Шифа како команден центар

Американските разузнавачки служби се убедени дека палестинските милитантни групи ја користеле најголемата болница во Газа, Ал-Шифа, за сместување на командната инфраструктура и држење на неколку заложници заробени за време на нападот од 7 октомври, изјави денеска неименуван американски претставник.  Американските медиуми пренесуваат дека ваквата американска безбедносна проценка дава дополнителна поддршка …

Повеќе »

Најмалку 64 лица загинаа во разурнувачкиот земјотрес во Јапонија

Најмалку 64 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија на 1 јануари, а урнатините и оштетените патишта се уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните, јавуваат јапонските медиуми. Поминаа два дена откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала …

Повеќе »

САД отфрлија можност за иселување на Палестинците од Газа

– САД соопштија дека ги „отфрлаат“ коментарите на израелските министри кои се залагаат за враќање на еврејските доселеници во Газа, по актуелната војна, како и за „охрабрување“ на палестинското население да емигрира. – САД ги отфрлаат неодамнешните изјави на израелските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир кои се залагаат …

Повеќе »

САД повторно ќе ги отворат граничните премини кон Мексико

САД утре повторно ќе отворат четири легални гранични премини меѓу САД и Мексико, бидејќи бројот на илегални имигранти се намалува, изјави висок американски претставник. САД, како што посочи тој, повторно ќе го отворат меѓународниот мост Игл Пас (Eagle Pass) во Тексас, два премина во Аризона и уште еден во близина …

Повеќе »

Борел: Русија ќе одговара за воените злосторства во Украина

– Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека Русија, која прибегнува кон масовно гранатирање на цивилното население и цивилната инфраструктура во Украина, ќе биде одговорна за овие воени злосторства. „Русија ја почна новата година со истрелување на над сто проектили и беспилотни летала кон Киев, Харков и другите украински …

Повеќе »