СВЕТ

Во Албанија лани извршени 35 убиства, најмалку во последните три децении

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала изјави дека во изминатата година во земјата биле регистрирани 35 убиства, што е најниската бројка што е забележана во последните 30 години. -Имаме драстично намалување на убиствата, со 35 убиства до 31 декември, наспроти 107 во 2013 година и 124 во 2012 година. …

Повеќе »

Генералштабот на српската армија покрена иницијатива за враќање на задолжителниот воен рок

Генералштабот на српските вооружени сили  покрена иницијативата и му предложи на претседателот Александар Вучиќ повторно  да се воведе обврска за служење на воениот рок, во времетраење до четири месеци, соопштија  од Министерството за одбрана. Како што се наведува во соопштението, тоа е направено со цел да се зголемат одбранбените способности …

Повеќе »

Одлуката за прием на Бугарија и Романија во Шенген објавена во Службениот весник на ЕУ.

Одлуката на Советот на Европската унија од 30 декември за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната по воздушен и воден пат, од 31 март годинава, денеска е објавена во Службениот весник на ЕУ.  Со оваа постапка одлуката на Советот на ЕУ и официјално стапи на сила. Во одлуката …

Повеќе »

Белгија започнува со обука на украински пилоти за управување на Ф-16

Белгиски воени пилоти заминуваат за Данска, каде што ќе обучуваат украински пилоти да управуваат со борбени авиони Ф-16, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на белгиското Министерство за одбрана. Планирано е во Данска да се испратат два белгиски борбени авиони, како и вкупно околу 50 вработени во белгиското Министерство за војна. …

Повеќе »

Пет лица во Кина ранети од залутани артилериски гранати, конфликтот со Мјанмар се заканува да ескалира

Пет лица во кинески град во близина на Мјанмар се ранети вчера од залутани артилериски гранати преку границата, објавија кинеските медиуми. Властите во Женканг, град во провинцијата Јунан, потврдиле дека залутаното гранатирање од Лаукаи, област во регионот Коканг во Мјанмар, вчера попладне го погодило Нансан, град под негова јурисдикција. Во …

Повеќе »

Загрижувачки раст на боледувањата во Словенија

Словенија бележи раст на работниците кои користат боледување. Минатата година во Словенија имало рекордни 56. 128 вработени на боледување, што е за 84,8 отсто повеќе од 2014 година. Болничкиот систем во Словенија нема временско ограничување и затоа не може да се споредува со другите европски земји. Таков систем во Европа …

Повеќе »

Лазарини: Ова е константна дехуманизација на Палестинците во војната во Газа

Генералниот комесар на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци УНРВА (UNRWA) Филип Лазарини денеска излезе со критика за „дехуманизацијата“ на Палестинците за време на војната во Газа. „Газа: три долги месеци на брутална војна, масовно раселување, масовни човечки загуби и повреди, масовно уништување. Неподносливото страдање се …

Повеќе »

СБУ: Нападот на руските хакери на Киевстар е големо предупредување до Западот

Руски хакери се присутни во системот на украинскиот телекомуникациски гигант Киевстар најмалку од мај минатата година, во кибер напад што треба да претставува „големо предупредување“ за Западот, изјави Илја Витјук, шеф на одделот за сајбер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Хакирањето, едно од најголемите од почетокот на …

Повеќе »

Братот на Епстајн: Да проговореше, изборите во 2016 ќе беа откажани

Братот на осудениот сексуален престапник, поранешниот американски финансиер Џефри Епстајн, изјави дека Џефри имал „запаливи информации“ за Доналд Трамп и Хилари Клинтон што, доколку биле објавени, би ги поништиле претседателските избори во 2016 година. -„Да го кажев тоа што го знам за двајцата кандидати, тие ќе ги откажеа изборите“ – …

Повеќе »

Хунтата во Мјанмар ослободи повеќе од 9.600 затвореници

Мјанмарската хунта денеска амнестира над 9. 652 затвореници, се наведува во соопштението на радиодифузерот поддржан од војската, пренесе ДПА. Ослободувањето на затворениците се случува на 76-годишнината од независноста на земјата од Обединетото Кралство. Според соопштението на војската, во амнестијата се опфатени околу 114 странски затвореници, кои, како што се објаснува, …

Повеќе »