Breaking News

СВЕТ

Помпео: САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина дури и ако Трамп се врати на власт

– Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД најверојатно ќе продолжат да обезбедуваат финансиска и воена поддршка на Украина во нејзината борба против руската инвазија доколку поранешниот републикански претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Тој, говорејќи за време на посетата на Токио, истакна дека „никогаш …

Повеќе »

Мал пад на подршката за АфД, но екстремно десничарката партија и натаму е втора во анкетите

– Има благо опаѓање на поддршката на Германците за Алтернатива за Германија (АфД), но оваа екстремно десничарска партија останува втора по популарноста, покажуваат резултатите од двете последни истражувања на јавното мнение што беа денеска објавени.  По 10 дена протести низ целата земја против оваа екстремно десничарска партија, поради нејзиниот наводен …

Повеќе »

УНРВА: Во Газа 570.000 луѓе се соочуваат со катастрофален глад

Во Газа 570. 000 луѓе се соочуваат со катастрофален глад, објави денеска Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) на платформата X. Во војната на Израел против Хамас, повеќето од 2,3 милиони жители на палестинската територија беа раселени и се создаде акутен недостиг на храна, вода и лекови. …

Повеќе »

Хамас: Трајниот прекин на огнот останува главен услов за разговори за размена на заробеници

Главен услов за Хамас за разговори за размена на заробеници со Израел и натаму останува целосниот прекин на огнот во Појасот Газа, изјави денеска портпаролот на ова палестинско движење, Валид Килани, додавајќи дека групата се уште не го добила предлогот на Израел за двомесечен прекин на огнот во палестинската енклава. …

Повеќе »

Расте бројот на жртвите од свлечиштето во југозападна Кина

– Најмалку 31 човек загинаа при вчерашното лизгање на земјиште во планинската област во југозападна Кина. Уште две лица денеска се спасени и хоспитализирани. Повеќе од илјада спасувачи со помош на багери, дронови и кучиња трагаат по исчезнатите лица. По свлечиштето евакуирани се над 900 луѓе.  ми/фото: МИА архива . …

Повеќе »

Една жена загина на протестите на земјоделците во Франција

Француските земјоделци на трактори и во камиони денеска ги проширија блокадите на патиштата, предизвикувајќи бројни застои во сообраќајот и еден смртен случај, а синдикатите ја повикаа Владата да ги реши нивните барања за помали трошоци и помала регулација. „Нема да ги укинеме блокадите на патиштата додека премиерот не изнесе многу …

Повеќе »

Над половина милион евра казна за компанија за млеко и млечни производи во Грција поради профитерство

– Министерството за развој на Грција изрече парична казна од 561. 000 евра за компанија за млеко и млечни производи, за профитерство, а меѓу другото и за високите цени на млекото за бебиња, јави дописничката на МИА од Атина. Од надлежното Министерство соопштија дека по спроведените контроли на голем број …

Повеќе »

Орбан го покани шведскиот премиер на преговори за членство во НАТО

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска објави дека го поканил шведскиот премиер да ја посети Будимпешта и да преговара за членството на неговата земја во НАТО алијансата, која е во застој од Унгарија и Турција. -Денеска испратив покана до премиерот Улф Кристерсон да ја посети Унгарија за да преговара за прием …

Повеќе »

Министерство за здравство во Газа: Од 7 октомври досега убиени 25.490 Палестинци

Министерството за здравство во Појасот Газа, со кој управува Хамас, денеска соопшти дека од 7 октомври досега во израелските напади на оваа територија се убиени вкупно 25. 490 Палестинци, а 63. 354 се ранети. Најмалку 195 Палестинци загинаа, а 354 се ранети во изминатите 24 часа, додаде Министерството. Повеќето од …

Повеќе »

ИДФ: Завршено опколувањето на градот Кан Јунис

– Израелските безбедносни сили (ИДФ) соопштија дека во изминатите 24 часа во борбите во Појасот Газа елиминирале „десетина терористи“, како и дека е завршено опколувањето на градот Кан Јунис. – Израелската армија спроведе обемна акција при што е опколен Кан Јунис и е проширена операцијата во таа област, се наведува …

Повеќе »