Breaking News

СВЕТ

Свлечиште во Кина затрупа речиси 50 луѓе

Свлечиште во планинската провинција Јунан во југозападна Кина утрово затрупа 47 луѓе и принуди евакуација на уште 200. Во потрагата се вклучени над 200 спасувачи со десетици парчиња опрема. Во моментов не е јасно што го предизвикало лизгањето на земјиштето во планинската кинеска провинција. Регионот е погоден и од студен …

Повеќе »

Лавров ќе учествува на седницата на СБ на ОН посветена на Блиски Исток и Украина

– Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска пристигна во Њујорк, каде ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност на Обединети нации, посветена на Блискиот Исток и Украина. Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Лавров во САД ќе престојува од 22 до 24 …

Повеќе »

Рон ДеСантис се повлече од претседателската трка во САД и го поддржа Трамп 

Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис синоќа соопшти дека се повлекува од претседателската трка и ја даде својата подdршка на кандидатурата на поранешниот претседател Доналд Трамп.  Одлуката на ДеСантис доаѓа во предвечерјето на внатрепртиските избори во Њу Хемпшир закажани за во вторник, на кои единствен ривал на Трамп останува Ники Хејли, …

Повеќе »

Ирански војник уби пет војници

Ирански војник уби пет други војници, јави ДПА, повикувајќи се на државните медиуми. Инцидентот се случил вчера во југоисточната провинција Керман. Војникот влегол во воена медицинска установа и застрелал пет војници. Убиецот потоа бил уапсен. Засега не се разјаснети неговите мотиви. Ваквите инциденти во Иран се исклучително ретки, забележува ДПА. …

Повеќе »

Двајца загинати и четворица повредени во пожар во станбена зграда во Јоханесбург

Во пожар во станбена зграда во Јоханесбург две лица загинаа, а четворица се повредени, соопштија градските власти. Пожарникарите се уште го гаснат пожарот кој утринава ја зафати двокатницата, се наведува во соопштението на Службата за итни случаи во Јоханесбург. Не е познато колку луѓе се уште има во зградата, изјави …

Повеќе »

Пожар на гасен терминал кај Санкт Петербург

Пожар избувна на терминал на рускиот независен производител на природен гас „Новатек“, во пристаништето Уст-Луга, во Ленинградската област, соопшти денеска гувернерот на регионот.  -Нема пријавени жртви од пожарот на терминалот на „Новатек“ во пристаништето Уст-Луга. Персоналот е евакуиран. . . Во округот Кингсеп е воведен режим на висока готовност, изјави …

Повеќе »

Буданов: Украина не планира да ги запре нападите на руска територија

Украина не планира да ги запре нападите длабоко на руска територија, и покрај загриженоста на западните партнери на Украина за можен руски одговор, изјави шефот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов. Во интервју за „Фајненшл тајмс“ Буданов кажа дека таквата храбра тактика на напади со …

Повеќе »

САД проценуваат дека израелската војска убила 20 до 30 отсто од палестинските екстремисти  

Американските разузнавачки агенции проценуваат дека израелските безбедносни сили во досегашната своја кампања во Појасот Газа убиле „од 20 до 30 отсто од вкупниот број палестински екстремисти“, членови на исламистичкиот Хамас, пренесе „Волстрит журнал“ и додава дека оваа организација има доволно муниција за неколку месеци да се бори против израелските сили. …

Повеќе »

Илјадници Израелци во Тел Авив бараа заминување на Нетанјаху – тој војува само за да остане на власт

Илјадници Израелци демонстрираа синоќа во Тел Авив барајќи ослободување на заложниците, кои Хамас ги држи од 7 октомври во Појасот Газа, и барајќи заминување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кого го обвинуваат за продолжување на војната само за тој да остане на власт. Демонстрантите носеа натписи со кои посочија дека Нетанјаху …

Повеќе »

Во Авганистан се урна авион со шест лица што летал од Индија за Москва

На северот на Авганистан синоќа се урна руски цивилен авион „Фалкон 10“, а според првичните информации, во леталото имало четворица членови на екипажот и двајца патници , пренесуваат руските медиуми. Британските медиуми пренесуваат дека авганистанската полиција добила информации за пад на авион во провинцијата Бадакшан, во непристапна планинска област. Таа …

Повеќе »