Breaking News

СВЕТ

Во Русија почнаа тридневните претседателски избори

Во Русија денеска почнаа претседателските избори кои ќе траат до 17 март, а на кои актуелниот претседател Владимир Путин се кандидира за петти мандат. Ова се први претседателски избори на кои гласаат и жителите на четирите украински региони – регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа анектирани од Русија …

Повеќе »

Украина: Два руски погранични региони се активни борбени зони

Висок украински разузнавач изјави дека вооружени групи, наводно составени од Руси кои се против Кремљ, вршат упади на руска територија, претворајќи два погранични региони во „активни борбени зони“. Три групи со седиште во Украина претходно објавија дека спроведуваат вооружени операции во руските региони Белгород и Курск, барајќи од жителите таму …

Повеќе »

Проектили поминале во близина на брод југозападно од јеменскиот град Ал Худајда

Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) денеска соопшти дека добила извештај дека проектили поминале блиску до брод на 50 наутички милји (93 километри) југозападно од јеменскиот град Ал Худајда. „Командантот пријавил дека два проектили летале над бродот и дека слушнал два силни удари оддалеку“, наведе УКМТО во …

Повеќе »

Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Хамас за ослободување заложници во замена за палестински затвореници

Предлогот вклучува во првата фаза ослободување на израелски жени, деца, постари и болни заложници во замена за ослободување на 700-1. 000 палестински затвореници. Потоа, тој  предвидува ослободување и на 100 палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна затвор во израелските затвори, во замена за ослободување на израелските „жени регрути“. И на …

Повеќе »

Макрон: Европа мора да биде подготвена за војна ако сака мир

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа мора да се подготви за војна доколку сака мир, нарекувајќи го рускиот претседател Владимир Путин противник кој нема да застане во Украина доколку Русија излезе како победник во нејзината двегодишна војна со Киев. Макрон предизвика контроверзии минатиот месец, откако рече дека не може …

Повеќе »

Борел: Војната во Украина ќе се одлучи оваа пролет и лето

– Шефот на европската дипломатија , Жозеп Борел, денеска по состаноците одржани во Вашингтон изјави дека испраќањето нова помош за Украина не може да чека бидејќи за исходот од војната во Украина ќе се одлучува оваа пролет и лето. Поради сомневањата за продолжување на американската воена помош за Киев, Борел …

Повеќе »

Ленарчич: Израел не презентираше докази за обвинувањата против УНРВА

Највисокиот функционер на Европската унија за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, синоќа изјави дека не видел докази од Израел како поткрепа за неговите обвинувања против персоналот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА (UNRWA), која треба да продолжи да игра „клучна“ хуманитарна улога во Појасот Газа.  УНРВА, која обезбедува помош …

Повеќе »

Едногласно изгласано самораспуштање на хрватскиот Сабор, следуваат избори

По неполни четири години работа, едногласно се самораспушти десеттиот состав на хрватскиот парламент. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на крајот на април или почетокот на мај, но пред европските избори. Одлуката за распуштање на Парламентот е донесена едногласно, со 143 гласа, додека претседателот на …

Повеќе »

СБ донесе одлука за продолжување на мисијата на ОН во Јужен Судан

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно донесе одлука да се продожи мандатот на мисијата на ОН во Јужен Судан (УНМИСС) до 30 април 2024 година. Мерките се донесени согласно резолуцијата 2677 од 15 март 2023 година кога последен пат беше обновена мисиијата на УНМИСС . Продолжувањето на мисијата оваа …

Повеќе »

Во Турција се урна воен тренажен авион

Воен авион за обука се урна денеска во централниот дел на Турција, јави Анадолија. Авионот од засега непознати причини се урна во провинцијата Коња. Во регионот се испратени голем број медицински и противпожарни екипи. Се дознава дека пилотот се катапултирал од авионот пред падот. Според гувернерот на Коње, Вахдетин Озкан, …

Повеќе »