Breaking News

СВЕТ

Поддршката за ЦДУ/ЦСУ се намали под 30 отсто за прв пат од декември минатата година

 Доколку федералните избори во Германија се одржат следната недела, Христијанско-демократската унија на Германија и Христијанско-социјалната унија од Баварија (ЦДУ/ЦСУ) би добиле 29,5 отсто од гласовите, што значи дека поддршката на ЦДУ/ЦСУ се намалила под 30 отсто за прв пат од декември минатата година, покажа истражувањето на Институтот за нови општествени …

Повеќе »

Столтенберг ја поздрави ерменската солидарност со Украина, Кремљ ја критикува посетата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја поздрави ерменската солидарност со Украина, на крајот од својата тридневна посета на главните градови на јужнокавкаските држави, внимателно следена и критикувана од Кремљ. Столтенберг денеска во Ереван го заврши тридневното патување на кое, покрај ерменскиот премиер Никол Пашинјан, се сретна и со …

Повеќе »

Трамп: Ако победам, ќе го депортирам принцот Хари доколку лажел на апликацијата за виза

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за позицијата на изборите во ноември, во интервју за презентерот на телевизијата Џи-Би Њуз (GB News), Најџел Фараж, навести дека војводата од Сасекс, принцот Хари, нема да добие „посебни привилегии“ доколку лажел за неговата употреба на дрога во неговата апликација за виза. Принцот Хари …

Повеќе »

Усвоени измените на Статутот на Судот на правдата на ЕУ 

Советот на ЕУ денеска ги одобри измените на Статутот на Судот на правдата на Европската Унија, чија цел е да се растовари трибуналот во услови на постојано зголемување на бројот на предмети што се поднесуваат пред оваа судска инстанца.  Со измените се предвидува префрлање на дел од ингеренциите на Судот …

Повеќе »

Египет го убеди Хамас да не ги прекинува преговорите по нападот во болницата Шифа

Египетските власти го убедија Хамас да не ги прекинува заложничките преговори во замена за примирје, откако Израел изврши нов напад врз болницата Шифа во Газа, објавија катарските медиуми. Неименуван египетски извор кој знаел за ова прашање изјавил за катарските медиуми дека официјални лица интервенирале во понеделникот наутро за да обезбедат …

Повеќе »

Во американската база Рамштајн состанок на Украинската одбранбена контакт група

Министерот за одбранана САД, Лојд Остин претседава со денешниот состанок на сојузниците на Украина, што се одржува во американската воена база Рамштајн во Германија. Месечниот состанок на Украинската одбранбена контакт група (УДЦГ), познат и како Рамштајн формат, кој го сочинуваат околу 50 земји кои ја поддржуваат Украина, се одржува во …

Повеќе »

Во Подгорица средба на Милатовиќ и Спајиќ со Ескобар

– Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ вчера во Подгорица се сретна со заменик помошникот на американскиот државен секретар и специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, јавија денеска црногорските медиуми. На средбите биле потврдени одличните односи помеѓу двете земји и беше истакната силната поддршка од САД за реформските процеси …

Повеќе »

Адвокати: Трамп не може да плати гаранција од 464 милиони долари во случајот за граѓанска измама во Њујорк

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да најде осигурителна компанија која ќе ги гарантира 464 милиони долари што судот му наложи да ги плати во случајот за граѓанска измама во Њујорк, соопштија неговите адвокати. Адвокатите на Доналд Трамп велат дека обезбедувањето кауција од таа големина е „практично невозможно“. Трамп …

Повеќе »

Трамп не успеа да го оспори сведочењето на адвокатот и актерката во филмови за возрасни

– Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп не успеа да го оспори сведочењето на Мајкл Коен и Сторми Даниелс на претстојното судење по обвинението дека неговиот поранешен адвокат и платил на актерката во филмови за возрасни да молчи за нивната средба. Поранешниот адвокат на Трамп, Коен пред изборите во 2016 …

Повеќе »

Кембриџ доби 20 милиони фунти од компании за фосилни горива

Британскиот универзитет Кембриџ денеска објави дека, по кампањата на студентите и академиците, усвоил мораториум за нови донации за компаниите за фосилни горива. Одлуката следи по препораките во минатогодишниот извештај на поранешниот претставник на ОН за климатски промени Најџел Топинг. Кембриџ рече дека суспензијата е усвоена во петокот „со оглед на …

Повеќе »