Breaking News

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

20 години од првата автотрансплантација во Клиника Жан Митрев

Пет операции со автотрансплантација се изведени во изминатите две децении на Клиника Жан Митрев. Оваа интервенција е револуционерен оперативен зафат во современиот медицински третман на кардиолошките пациенти. При оваа операција се прави реконструкција на срцето на пациентот надвор од градниот кош за што се смета за исклучително специфична и комплицирана …

Повеќе »

Корекции на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот

Ќе се ревидираат цените на дел од 11-те видови овошје и зеленчук коишто со владина одлука се замрзнати од 5 април. Одлуката ќе се донесе во вторник на седница на Владата, а следува по новите цени кои се пријавуваат од увозниците во Царинската управа. На средбата што се одржа вчера …

Повеќе »

Русија планира значително помало производство на житарици оваа година

Русија планира да произведе 120 милиони тони житарици оваа година, објави денеска тамошното Министерство за земјоделство, што сигнализира значително помало производство отколку во рекордната 2022 година. Според официјалните податоци, минатогодишната реколта произведе 157,7 милиони тони житарици, од кои 104,2 милиони тони пченица. Не е јасно дали минатогодишната рекордна жетва е …

Повеќе »

IN MEMORIAM – Ненадејно почина г-дин Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на НЕОТЕЛ

  На 70 годишна возраст, вчера (06.04.2023), ненадејно почина г-дин Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на телекомуникацискиот оператор – НЕОТЕЛ. Г-дин Черепналковски управуваше со НЕОТЕЛ повеќе од 15 години и ја водеше компанијата низ сите предизвици, успевајќи да ја етаблира во реномиран и доверлив партнер како на домашно така и на …

Повеќе »

Бектеши: Во вторник ќе се ревидираат замрзнатите цени на 11-те видови овошје и зеленчук

Владата на седница во вторник ќе ги ревидира цените на 11-те видови овошје и зеленчук за кои претходно донесе одлука да бидат замрзнат до крајот на месецов, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Повикувајќи се на новите цени кои се пријавуваат од увозниците во Царинската управа, како што кажа, …

Повеќе »

Азески на средба со наградените компании од КИФ: Македонските компании се препознаваат во регионот како добра формула за успех

„Чест е што македонските компании се препознаваат во регионот како добра формула за успех. Тоа значи дека нивната вредност расте додека бизнис стратегијата успешно ја адаптираат на светот кој се менува со голема брзина” – со овие зборови претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска во својот кабинет им …

Повеќе »

Специјалисти од Клиника Жан Митрев ќе прават бесплатни кардио прегледи за пензионерите од цела Македонија

Тим доктори специјалисти од Клиника Жан Митрев со „Здравствениот караван” ќе прави бесплатниспецијалистички кардио прегледи за пензионерите од целата држава. Спроведувањето на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан денеска меѓу Клиничката болница Жан Митрев и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, одбележувајќи го Меѓународниот ден на …

Повеќе »

Минималните месечни трошоци во март 50.070 денари

Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Според пресметките на синдикатот, 19.263 денари биле потребни за храна, а 13.417 денари за подмирување на режиските месечни трошоци. За превоз минимум биле потребни 3.679 денари, …

Повеќе »

Македонската железница одбележа 150 години

„Железници на Република Северна Македонија“ свечено одбележа 150-годишен јубилеј, односно годишнината од 9 април 1873 кога е пуштена македонската делница на трансбалканската линија Виена – Солун. На прославата на јубилејот беше истакнато значењето на железничкиот транспорт во поврзувањето на луѓето и бизнисите и неговата предност, како најеколошки превоз, а во …

Повеќе »

Од 20 јуни чартер лет од Скопје до Кипар

Од 20 јуни до 22 август за време на летната туристичка сезона ќе биде воведен директен чартер лет од Скопје до Кипар. Чартер летот ќе биде на дневно ниво и ќе се лета од Скопје до Ларнака со „Balkan Holiday Air“. – Кипар отсекогаш бил топ туристичка дестинација, а овој …

Повеќе »