Breaking News

ЛОКАЛНО

Дел од Визбегово без вода

Од 11 часот денеска без вода се дел од жителите од улицата „2“ во Визбегово. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект од Ф-90 мм на ул.„2“ во Визбегово (кај „Пиларата“). Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.фф/ цр

Повеќе »

Градоначалникот Пецаков се сретна со претставници на Меѓународната полициска асоцијација за регионот Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков се сретна со претставници на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид, на која меѓу другото е разговарано за идејата и потребата од изградба на современа, модерна и безбедна велосипедска помеѓу Охрид и Струга. Како што е истакнато на средбата, вело-патека помеѓу Охрид и Струга не …

Повеќе »

141 сообраќаен прекршок во Скопје: 19 за возење под дејство на алкохол

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 51 санкција за непочитување на брзината на движење, шест санкции за технички неисправни …

Повеќе »

НИКОЛА НИКОЛОВСКИ-ШАХОВСКИ АС НА ВИКЕНД ТУРНИРОТ ВО КАРПОШ

Интернационалниот мајстор Никола Николовски е победник на овогодинешното издание на викенд шаховскиот турнир. Тој освои осум поени од девет одиграни партии и го потврди шампионското место. Со ист број поени, но со послаб Бухолц, на второ место се пласираше ВМ Кирил Георгиев. Третото место го освои Љубомир Данов од Бугарија …

Повеќе »

Ќе се реконструираат домот на културата, музејот и општинската зграда во Виница

Општинската зграда, Домот на културата „Тошо Арсов“ и музејот „Теракота“ во Виница ќе добијат термоефикасна фасада, подобрен пристап и проширување на просторот за извршување на дејностите, во рамки на проектот за нивна реконструкција и адаптација. Носител на проектот „Енергетски ефикасен, пристапен и достапен објект за сите – Општина Виница“ е …

Повеќе »

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, …

Повеќе »

Искористувањето на геотермалната вода како енергенс – една од темите на разговорите на евроамбасадорот Гир со локалните власти во општина Кочани

Евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска, во Кочани имаше средби со локалната власт и граѓанскиот сектор, во рамки на серијата општински посети по отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. На средбата со градоначалникот Љупчо Папазов и со членовите на Советот на Општина Кочани, амбасадорот Гир ги претстави активностите што …

Повеќе »

Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за сите пензионери, учениците и децата во градинките во социјален ризик

Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје ги проширува проектите на бесплатни стоматолошки прегледи со кои покрај учениците, ќе може да ги користат и децата од градинките кои исто така се во социјален ризик и сите пензионери во Општина Центар. По тој повод градоначалникот на Општина Центар вчера …

Повеќе »

НУ Завод и Музеј-Битола спречи оштетување на неолитскиот локалитет Влахо

Националната установа Завод и Музеј-Битола во координација со Управата за заштита на културното наследство, спречија оштетување на неолитскиот локалитет Влахо. Најстарата неолитска населба во земјава се наоѓа во непосредна близина на пелагониското село Живојно, локација во чија околина се вршат и ископи за јаглен. Неолитскиот локалитет Влахо е во фаза …

Повеќе »

Утрово најсудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено утрово е во Берово со измерени -14 и Маврови Анови и Попова Шапка со -12 степени. Во Скопје утрово се измерени -11 степени. Висината на снежната покривка утрово изнесувала 60 сантиметри во Попова Шапка, 18 во Маврови Анови, 14 во Лазарополе, 4 во Крушево, 2 Ѓуриште, 1 Берово. Во …

Повеќе »