ЛОКАЛНО

Во Демир Хисар премиера на драмската претстава „Одам на лов“ од Жорж Фејдо во режија на Благој Николов

Актери од Драмско студио при Дом на култура „Илинден”-Демир Хисар, вечер премиерно ќе ја изведат претставата „Одам на лов“ од Жорж Фејдо. Станува збор за комедија во три чина, чиј режисер е Благој Николов, проект поддржан од Министерството за култура и Општина Демир Хисар. Во Домот на културата „Илинден“ пред …

Повеќе »

За топол дом сонуваат 47 ромски семејства, но и годинава ќе живеат во старите згради на поранешното штипско Нервно одделение

Живеат во субстандардни услови, во една соба се и по 12 члена од едно семејство. Во една зграда има само по еден тоалет, условите за хигиена се на најниско ниво. Покривите на објектите протекуваат на секој дожд и снег, а на одредени делови од нив се гледаат облаците преку ден, …

Повеќе »

Кавадарци го доби признанието за НајЕко општина во Македонија

    Општина Кавадарци беше избрана како најеколошка општина во Македонија во традиционалниот конкурс кој секоја година го распишуваат Пакомак и Балкан Еко институт. Покрај Кавадарци како победник на конкурсот, со своите еколошки практики и резултати се истакнаа уште и Општина Илинден и Општина Прилеп, кои исто така ќе бидат …

Повеќе »

Герасимовски: Градежниците да ги почитуваат прописите, ги засилуваме контролите на терен

Придружуван од општинските служби, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи обиколка на неколку градилишта во општината. Општина Центар спроведува зачестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи. – Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме …

Повеќе »

ЗСПК „Козјак“ одбележува 41 година од постоењето

Здружението спортско планинарскиот клуб „Козјак“ од Куманово, денеска одбележува 41 години од своето постоење, соопштија денеска одговорните од клубот. Вечерва во Куманово, членовите на клубот организираат свечена академија и презентација на дел од активностите, ќе бидат доделени благодарници за нивните членови. Во недела, соопшти секретарот на ЗСПК „Козјак“, Мартин Величковски, …

Повеќе »

Без вода неколку улици во Карпош и Кисела Вода, без струја дел од Волково, Арачиново и индустриската зона Илинден

Поради уличен дефект на ул.Хашка 19, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од ул.Хашка, Бањалучка, Будимпештанска, Урош Џудовиќ и дел од Женевска во општина Карпош. Како што информира РЦУК Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на …

Повеќе »

Сончево со мала до умерена облачност

Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. …

Повеќе »

Општина Штип на две лицитации продаде седум градежни парцели

Општина Штип денеска по пат на јавна лицитација продаде три градежни парцели, од кои две за изградба на станбени згради и една за куќа во населбата Дузлак. Додека пред шест дена, односно на 31 март се реализираше и првата јавна лицитација за четири градежни парцели. Две објави на Општина Штип …

Повеќе »

Времен сообраќаен режим на улицата „ Александар Урдаревски“

Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до населеното место Кучевишка Бара, деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим. Како што информира ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, времениот режим ќе биде обележан …

Повеќе »

Група на лекари и медицински персонал дел од мирниот протест за поддршка на д-р Бобан Вучевски во Тетово

Неколкумина лекари и медицински персонал денеска дојдоа пред тетовскиот суд каде повторно се одржа мирен јавен протест со цел поддршка за д-р Бобан Вучевски, еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница. Медицинските лица истакнаа дека нивниот колега за време на пандемијата бил меѓу тие кои постојано …

Повеќе »