Breaking News

ЛОКАЛНО

„Оставете не во мир“ – мурал на млади уметници од Франција, Германија и Северна Македонија во Градскиот парк

Мурал насловен „Оставете не во мир“ изработен од млади уметници од Франција, Германија и Северна Македонија ќе биде претставен денеска во Градскиот парк во Скопје. Станува збор за проектот „Оставете нè во мир!“ на Францускиот институт во Скопје, Гете институтот и здружението „Лоја“ од Тетово во кој се вклучени дваесет …

Повеќе »

Презентација на ИПАРД програмата во Кавадарци

ИПАРД програмата ќе биде презентирана денеска во Кавадарци, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Оттаму најавија дека на презентацијата ќе бидат присутни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, градоначалникот Јанчев и претставници на телото со управување на ИПАРД и претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во …

Повеќе »

Во МОН средба со професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството

Инклузивна средба со претставници на академската фела денеска ќе се одржи во просториите на Министерството за образование и наука, со учество на универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството и други. По завршување на средбата, како што најави МОН, ќе бидат соопштени заклучоците, односно …

Повеќе »

Сончево со мала облачност, попладне на места нестабилно со повремен пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови, претежно во југоисточните делови, ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 17 …

Повеќе »

Италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне во Скопје

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне,  денеска престојува во еднодневна посета на државава во рамки на која во Министерството за одбрана и ГШ на Армијата ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Славјанка …

Повеќе »

Во МОН утре средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата

Во Министерството за образование и наука утре ќе се одржи средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, безбедноста и сајбер насилството од која се очекува да произлезат заклучоци коишто ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната грижа за правилен развој на младите. Во соопштението што денеска …

Повеќе »

Родители од ОУ „Браќа Миладиновци“ бараат решение за проблематичен ученик, директорката вели дека сите надлежни работат на случајот

Родители од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат да се реши проблемот со еден ученик кој, според нив, носи ладно оружје во училиште и ги малтретира останатите ученици. Директорката на училиштето во изјава за МИА вели дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени …

Повеќе »

Осмо издание на целодневниот настан „Станица Студентска“

Со предавања на теми за вештачка интелигенција, започнување на свој бизнис, права при контакт со полиција, како е да се биде млад автор и помирување и градење на мирот во регионот, но и работилници за печатење торби и поправање на велосипеди, вчера на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и …

Повеќе »

Османи: Охрид да стане центар на ОБСЕ за преговори за помирување и дијалог

Денеска е важен ден на нашето претседавање со ОБСЕ бидејќи има посебна сесија на Советот за безбедност свикана само заради претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Тоа е сериозна можност Република Северна Македонија на врвот на пирамидата на светската безбедносна архитектура да се обиде да создаде синергија помеѓу ОБСЕ и …

Повеќе »

„Гоце Делчев, апостол на слободата”, академски час во Градски музеј Крива Паланка 

Со академскиот час „Гоце Делчев, апостол на слободата” денеска во Градскиот музеј Крива Паланка беше одбележана 120-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев. Говорници на настанот беа Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка и историчарот, Мартин Додевски. Покрај за улогата на Делчев во националната историја, во македонската револуционерна …

Повеќе »