Breaking News

Бројот на говеда лани намален за 7,2 отсто


Вкупниот број на говеда лани во споредба со 2021 година е намален за 7.2 %. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, a кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е забележано зголемување за 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.


Бројот на свињите во 2022 година, во споредба со 2021 година, е намален за 1.9 % во двата сектора.


Вкупниот број на овците минатата година е зголемен за 2.1 %, а на козите за 5.9 %.

За 5.2 % е зголемен и бројот на живината.са/мч/
Скопје, 2 април 2023 (МИА)