Breaking News

Бразил започна истрага за накит вреден 3,2 милиони долари подарен на Болсонаро


Бразилскиот министер за правда Флавио Дино денеска и нареди на полицијата да го истражи наводното непријавување накит, подарок од Саудиска Арабија вреден 3,2 милиони долари, кој го добил поранешниот претседател Жаир Болсонаро.


Болсонаро и неговата сопруга Мишел добија дијамантски ѓердан, прстен, часовник и обетки од саудиската влада, кои беа конфискувани од царината на аеродромот во Сао Паоло во октомври 2021 година.


Луксузниот накит, кој го произведува швајцарскиот „Шопар“, бил пронајден во чантата на владиниот помошник кој со тогашниот министер за енергетика Бенто Албукерко одел во Ријад.

Болсонаро, кој го напушти Бразил во САД во декември, негираше дека сторил нешто незаконско, но новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва повика на истрага, додека еден од министрите во новата влада целиот случај го нарече „шверц“.


На Бразилците им е дозволено да внесуваат стоки и подароци во вредност до 1.000 американски долари, а ако вредноста е поголема, мора да платат големи даноци.

Критичарите на Болсонаро велат дека подароците за претседателот припаѓаат на државата и мора да одат во претседателската колекција. паг/