Breaking News

Борел: Дипломат на ЕУ нападнат во Судан


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел објави дека амбасадорот на Европската унија во Судан бил нападнат во неговата резиденција во Картум. Борел не соопшти детали за нападот, ниту дали е повреден амбасадорот на ЕУ.


„Безбедноста на дипломатските простории и персоналот е примарна одговорност на суданските власти и обврска според меѓународното право“, напиша Борел на Твитер.


Иако не го именуваше, амбасадор на ЕУ во Судан е ирскиот дипломат Ајдан О’Хара, јави Би-Би-Си. Во Судан веќе трет ден траат борбите меѓу армијата и паравоените групи наречени Сили за брза поддршка. зш/
фото – Твитер

Брисел, 18 април 2023 (МИА)