Breaking News

БИЗНИСОТ ТРПИ ГОЛЕМИ ШТЕТИ ПОРАДИ ПРЕКИНАТИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ, ВЛАСТА ДА ПОВЕДЕ СМЕТКА – „Макстил“ и „Макпетрол“ со порака до надлежните


Македонските компании, кои имаат сериозни бизниси во земјава, а кои се поврзани со транспорт на големи количини материјали и производи, трпат големи штети откако прекина железничкиот сообраќај во земјава, поради напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река.


Како што за Фактор изјавија дел од овие сериозни големи компании, ова не е прв пат да дојде до прекин во железничкиот сообраќај на истата таа локација. Имено, пред две години бил оштетен друг столб на истиот тој мост, а тогаш железничкиот транспорт бил во прекин цели 40 дена.


Компаниите од кои побаравме став потенцираат дека целата оваа ситуација значајно им ги зголемува трошоците. Оттаму нагласуваат дека државата мора да поведе многу повеќе сметка за патната и за железничката инфраструктура во земјава, бидејќи само на тој начин може да се обезбеди непречено работење за целиот бизнис, кој, на крајот од денот, уредно си ги плаќа сите даноци и давачки кон државата, и очекува за тоа да има пристојни инфраструктурни капацитети.

А, како што веќе објавивме, бетонски столб на мост на Црна река, по кој сообраќаат возовите во земјава е напукнат, поради што има прекин во железничкиот транспорт.


Од Македонски железници Инфраструктура информираа дека напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, меѓу железничките станици Кукуречани – Градско, во близина на Стоби, е причина за целосен прекин на железнички сообраќај на овој патен правец од вчлера од 15.25 часот. Нагласија дека е прекинат и патничкиот и товарениот превоз.

„Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата“, соопшти Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на Македонски железници.


За целиот текст ТУКА