Breaking News

Без вода дел од ул. „Ленинова“


Поради водоводен приклучок ф 80мм на ул. „Ленинова“ бр 66 во Скопје, изутрина од 08.30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Ленинова“ на потег од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до ул.„Никола Тримпале“.


Како што најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на интервенцијата. лв/вг/