Бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата по повод 18 Април


По повод Светскиот ден на културното наследство – 18 Април ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата, објави денеска на фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.


Според неа, македонската култура и уметност е богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.


– Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април, напиша Костадиновска – Стојчевска. мд/са/

Фото: Фејсбук на министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска


Скопје, 13 април 2023 (МИА)