Берлин доби конзервативен градоначалник – првпат по две децении


Каи Вегнер (50), поранешен продавач на осигурителни полиси, положи заклетва како градоначалник по гласањето во локалниот парламент, наследувајќи ја Франциска Гифи од СПД, која беше првата жена – градоначалник на Берлин.


ЦДУ на Вегнер извојува чиста победа на изборите во февруари, кои се одржаа откако судот пресуди дека изборите во 2021 година се неважечки. Тој освои 28 отсто од гласовите, десет отсто повеќе од 2021 година и 10 отсто повеќе од СПД, додека анкетите покажуваат дека довербата во управувањето со градот од страна на СПД е намалена.


Вегнер се согласи да управува со градот во голема коалиција со СПД и покрај сомневањата од левото крило на партијата. Само 54 отсто од базата на СПД гласаа за коалицијата.

СПД претходно управуваше со германската метропола во коалиција со Зелените и екстремната левица Die Linke.


Кампањата на Вегнер, меѓу другите мерки, се засноваше на подобрување на безбедноста и модернизација на административната инфраструктура на Берлин. ссм/

фото: ДПА