Breaking News

Банка што има високи принципи при кредитирањето, е банка што се грижи за вас, вашата иднина и средината во која живеете


Банките играат голема улога во обликувањето на локалната и глобалната економија. Тие имаат сериозна општествена и еколошка одговорност преку проектите кои ги кредитираат, бидејќи со тоа го поттикнуваат растот на одговорните или неодговорните компании во бизнис заедницата, а во однос на физичките лица, влијаат директно врз одржлива економска состојба на семејствата или напротив  – кон неконтролирано задолжување.


Во денешниот свет тешко е да се препознае кои банки ја прават вистинската работа кога станува збор за одговорност кон општеството, економијата и животната средина, па токму затоа кога станува збор за избор на банка, важно е да се земат предвид некои суштински значајни фактори кои одат чекор понапред од „најдобрите каматни стапки“, лесно достапни кредити и провизии.


Одговорното кредитирање е многу важен фактор за кој помалку се зборува, а кој исто така треба да игра клучната улога при избор на банка при подигнување кредит, доверување на депозит или примање на плата. Не можеме да зборуваме за општествено одговорни банки ако не го проанализираме нивниот пристап кон кредитирањето, што е основа на банкарското работење и преку кое банките оставаат најголем печат во природата и заедницата, кои се заеднички дом за сите нас.

Секоја одговорна банка треба да прави темелна оценка на кого, колку и за која намена му се одобруваат дополнителни финансиски средства преку детална финансиска анализа, како и со примена на високи етички и еколошки принципи. Овој систем на работа е целосно интегриран во ПроКредит банка која веќе 20 години дава пример за одговорност во нашето општество. За важноста на одговорното кредитирање подетално објаснуваат Татјана и Ирена, кои во ПроКредит Банка секојдневно, посветено работат за да обезбедат позитивен развој за своите клиенти и одржлива иднина за целото општество.