Breaking News

Бајден потврди дека се размислува на Украина да се испратат борбени возила Бредли


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека се разгледува опцијата за испраќање оклопни борбени возила Бредли во Украина, дел од уште еден пакет помош во оружје што ќе биде објавен во наредните денови.


„Да”, одговори Бајден на прашањето дали таа опција е „на маса”, пренесе Хина.


Бредли е оклопно возило со моќно оружје, кое американската војска го користи од средината на 1980-тите. САД располагаат со илјадници Бредли, а американските медиуми оценуваат дека некои од нив сигурно би им помогнале на Украинците во борбата против руската инвазија.

Не е познато колку „Бредли” се наменети за Украина, но Соединетите Американски Држави подготвуваат уште еден пакет помош во оружје, кој ќе биде објавен во наредните денови.


Локалните медиуми уште посочуваат дека Бајден размислува за испраќање возила Бредли, но не спомнал ништо за тенковите Абрамс, кои Украина ги бара. ссм/
Вашингтон, 5 јануари 2022 (МИА)