Breaking News

Бајден од денеска е во посета на Полска


Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ја започнува дводневната посета на Полска. Бајден пристигна синоќа во Варшава, по ненадејната посета на Украина.


Како што соопшти Белата куќа, Бајден во Варшава ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда.


Тој ќе одржи говор една година од бруталната и неиспровоцирана инвазија на Русија врз Украина, за тоа како САД го собраа светот да ги поддржи Украинците во одбрана на слободата и демократијата и ќе го поддржува Киев се додека е потребно. зш/