Breaking News

Zoran Popov

Повеќе од 40 приведени во операција против „Исламска држава“ во Турција

Повеќе од 40 лица се приведени во Турција за време на операција против „Исламска држава“, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на изјава на министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Акциите биле спроведени на територијата на 12 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Истанбул, Ескишехир, Каракале, …

Повеќе »

Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања

Третиот кинески носач на авиони „Фуџиан“ утринава ги започна своите први поморски испитувања. Бродот го напушти бродоградилиштето во Шангај околу 8 часот наутро. Поморските испитувања првенствено ќе ја тестираат доверливоста и стабилноста на погонските и електричните системи на носачот на авиони. Од неговото лансирање во јуни 2022 година, „Фуџиан“ ги …

Повеќе »

Џафери: За нас, како идна земја членка на ЕУ, почитувањето и еднаквиот третман на работниците и работничките права е императив

Денес е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, и, покрај честитките, дозволете да изразам и огромна благодарност до сите почитувани работници кои и во овие тешки околности на глобални кризи од здравствен, енергетски и економски аспект, посветено, одговорно и професионално придонесуваат во јакнењето на издржливоста, растот, развојот и конкурентноста на …

Повеќе »

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба. Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри. Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 …

Повеќе »

Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права, напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 1 Мај, …

Повеќе »

Во Шпанија уапсени повеќе од 100 лица поради измама на корисниците на Воцап

Повеќе од 100 лица се уапсени во Шпанија под обвинение дека со измама украле илјадници евра од корисници на апликацијата Воцап (WhatsApp), тврдејќи дека се роднини во неволја, објавија денеска шпанските медиуми. Полицијата соопшти дека уапсените биле дел од криминална група која преку оваа измама остварила нелегална добивка од речиси …

Повеќе »

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески од име на пратениците и од  негово лично име упати честитки до работниците, до синдикатите и до сите граѓани на државава по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, соопшти собраниската прес-служба. – Денешниот датум е уште една можност да се …

Повеќе »

Шојгу наложи да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наложи денеска што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина. „За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, …

Повеќе »

Над 300 луѓе го загубија животот во поплави во Источна Африка

Повеќе од 300 луѓе го загубија животот во поплави во Кенија, Танзанија, Бурунди и Уганда, а поројните дождови кои ја зафатија Источна Африка не престануваат, јави ДПА. Само во Кенија животот го загубија 169 лица, соопшти денеска владиниот портпарол. Претходно, Кабинетот во Најроби одржа посебен состанок за да разговара за …

Повеќе »