Breaking News

Zoran Popov

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Македонскиот пијанист Дино Имери денеска на пладне во Градскиот парк, кај Школка ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од полскиот композитор Фредерик Шопен. Организатор на рециталот е Амбасадата на Република Полска во земјава по повод Денот на уставот.  Дино Имери ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од …

Повеќе »

О` Брајан: Очекуваме да работиме со Северна Македонија на значајни реформи на патот кон евроатлантската интеграција

Помошник-државниот секретар на САД Џејмс О` Брајан го честиташе изборот на првата жена претседател на Северна Македонија Гордана Силјановска- Давкова, пренесува Гласот на Америка. – Честитки на првата жена што некогаш била избрана за претседател на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Како сојузници, партнери и пријатели, со нетрпение очекуваме да работиме …

Повеќе »

Традиционален планинарски марш до Водно

По повод Европскиот ден на знамето, Европско движење денеска го организира традиционалниот планинарски марш до Водно. Маршот, ќе почне во 09:00 часот пред седиштето на ЕУ, каде ќе се изврши размена на македонското и европското знаме. -Знамињата ќе ги разменат шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и …

Повеќе »

Одбележување на Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска ќе го одбележи 11 Мај – Денот на културата во сообраќајот со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за законско, етичко и толерантно однесување со што, како што наведуваат, ќе се постигне и поголема безбедност на сообраќајот на …

Повеќе »

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо …

Повеќе »

Сервер: Најдобриот пат што Северна Македонија треба да го следи е интеграција во ЕУ

По двојните избори што на 8 мај се одржаа во нашата земја и на кои убедлива победа извојува десно ориентираната ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседателски кандидат Гордана Силјановска-Давкова, најдобриот пат што Северна Македонија треба да го следи е интеграција во ЕУ, изјави за МИА Даниел Сервер, експерт за Балканот. Сервер е …

Повеќе »

Рот: Десниот национализам триумфираше во Северна Македонија, сериозен удар за ЕУ амбициите

Поранешен германски министер за надворешни работи и претседател на Комисијата за надворешна политика во германскиот Бундестаг, Михаел Рот смета дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори е сериозен удар за ЕУ амбициите и дека за ова не е одговорна само поразената социјалдемократска влада, туку и државите на ЕУ кои ги …

Повеќе »

Во воздушен напад на Рафа ранет припадник на персонал на СЗО а неговата внука е убиена

– Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, соопшти дека еден припадник на персоналот на Светската здравствена организација (СЗО), неговата сопруга и едно дете биле ранети во воздушен напад во кој во средата била уништена нивната куќа во Рафа. Во нападот е убиена седумгодишната внука на вработениот на СЗО, напиша шефот …

Повеќе »

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи

– Од безбедносни причини и со цел да се заштитат посетителите за време на туристичката сезона, популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето ќе биде затворена за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.  Согласно министерската одлука, пристапот до плажата е забранет и од копно и од …

Повеќе »

ЕУ бара да се казнат извршителите на нападите врз УНРВА

– Европската унија го осуди нападот врз комплексот на УНРВА во Источен Ерусалим. – Сторителите мора да одговараат, напиша шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел на X. – Одговорност на Израел е да ја обезбеди сигурноста на хуманитарните работници, додаде тој, нарекувајќи ја агенцијата на ОН за палестинските …

Повеќе »