Breaking News

Zoran Popov

Премиерот Ковачевски ќе учествува на четвртиот Самит на Советот на Европа во Исланд

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 16 и 17 мај 2023 година ќе учествува на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд, соопшти владината прес-служба. На Самитот ќе учествуваат претседатели на држави и влади на земји членки на Советот на Европа. Во рамки на …

Повеќе »

Бесими: Од јуни граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

– Државата од јуни годинава ќе воведе граѓанска обврзница, нов инструмент за финансирање  на развојни проекти и на пазарот на капитал, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Граѓанската обврзница ќе биде со рочност од две години, а нејзиниот минимален износ ќе биде 10. 000 денари. Граѓаните ќе можат и …

Повеќе »

Телефонски разговор Османи- Ал Сауд

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд. Во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на билатералните односи, со посебен осврт на економската соработка и трговските врски. Воедно, Османи се …

Повеќе »

Специјалниот пратеник на Кина, Ли Хуи на 16 и 17 мај во посета на Украина

Кинескиот пратеник Ли Хуи треба да престојува во дводневна посета на Украина од 16 до 17 мај, изјави денеска претставник на украинската Влада. Ли е официјален специјален пратеник на Пекинг за евроазиски прашања и поранешен кинески амбасадор во Русија. Покрај Украина, Ли ќе ги посети Русија и европски престолнини за …

Повеќе »

Променливо време со повремен дожд до четврток

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре и во среда наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со …

Повеќе »

Бесими препорачува зголемувањето на платите во јавниот сектор да се имплементира од 2024 година

– Министерот за финансии Фатимир Бесими денеска потврди дека за април 2023 година му е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот суд. Како што информира на денешната средба со новинарите, досегашната плата му била 71. 145 денари, а за април му се исплатени 125. 960 денари. …

Повеќе »

Утре потпишување на анексот на Договорот со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на на главни коридори во регионот и во ЕУ

Држава која нема коридори и енергија не може да се развива, порачаа денеска од Владата. Како што најави денеска на брифинг за медиумите, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски утре во Црна Гора ќе го потпише анексот на Договорот со ЕУ со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на …

Повеќе »

„InoVax“ – најдобра Џуниор Ачивмент ученичка компанија патува на Европски натпревар во Истанбул

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2022/2023 година организиран од Џуниор Ачивмент Македонија е „InoVax“ од средното училиште СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје. „InoVax“ е ученичка компанија која со својот производ им помага на повозрасните лица и лицата со деменција, како и на нивните најблиски, за безбедно …

Повеќе »

ИФО: Германските канцеларии се празни, се повеќе луѓе работат на далечина

– Германските канцеларии се празни бидејќи вработените работат на далечина повеќе отколку пред пандемијата, се наведува во најновиот извештај на Институтот за економски истражувања ИФО во Минхен. Во моментов, 12,3 отсто од работните места во канцелариите се недоволно искористени на дневна основа бидејќи вработените работат на далечина. Пред пандемијата, во …

Повеќе »

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 47. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 47. сесија на Клубот на истражувачите, што ќе се одржи на 15 јуни годинава. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm. mk, најдоцна до 1 јуни 2023 година. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите …

Повеќе »