Breaking News

Zoran Popov

Анкета на ИРИ за Западен Балкан: Силна поддршка за членството во ЕУ, нападите на Русија врз Украина се неоправдан

Последното мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува широка поддршка за приклучувањето кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое ја смета руската војна против Украина за неоправдана. Анкетата е спроведена во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, …

Повеќе »

Синдикатот на провестни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност

Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) в четврток, 16 мај, ја прекинува работата во сите училишта поради загрозена безбедност при работа. Независниот синдикат на просветните работници на Србија ги повика вработените во образованието, како и сите други граѓани кои сакаат училиштата да бидат место за мирна работа и …

Повеќе »

Бројот на внатрешно раселени луѓе ширум светот се зголеми на рекордни 76 милиони

Конфликтот во Судан и Газа го зголеми бројот на внатрешно раселените луѓе во светот на рекордни 75,9 милиони на крајот на 2023 година, објави денеска невладина организација. Центарот за следење на внатрешно раселување (ИДМЦ) соопшти дека бројката е ново највисоко ниво на крајот на годината, поттикната од „алармантно ново ниво …

Повеќе »

Шолц: Не треба да се претерува со очекувањата за мировната конференција за Украина во Швајцарија

Германскиот канцелар, Олаф Шолц во интервју за магазинот „Штерн“ изјави дека „никој не треба да претерува со очекувањата“ за мировната конференција за Украина, која во јуни треба да се одржи во Швајцарија, јави ДПА. -Нема да преговараме таму за да ставиме крај на војната. Во најдобар случај, ова е почеток …

Повеќе »

Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум, односно нуклеарно гориво за производство на електрична енергија во нуклеарните централи во САД од Русија. Таа забрана за нуклеарно гориво ќе стапи на сила за околу 90 дена, но на Министерството за енергетика на САД му …

Повеќе »

Лајчак: Решението на прашањето за употребата на динарите на Косово може да се постигне со компромис

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, синоќа изрази уверување дека може да се постигне привремено одржливо решение за прашањето за употребата на динарот на Косово, со „флексибилност и компромис за двете страни“. -Подоцна оваа недела ќе бидам домаќин на главните преговарачи на Косово и …

Повеќе »

„Букинг“ доби обврска да нуди поголем избор на сместувачки капацитети на туристите 

Европската комисија ја именува компанијата „Букинг“ за „вратар“ согласно Законот за дигитални пазари поради нејзината веб страница Букинг. ком, а во исто време реши да не им додели такви звања на „Икс“ и на „БајтДенс“ во однос на нивните платформи Икс Едс, односно ТикТак Едс. Дополнително, ЕК реши и да …

Повеќе »

Продолжува посетата на Вархеји на Србија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска ја продолжува тридневната посета на Србија, каде ќе има средби со високи претставници во Белград и ќе посети одредени институции во Нови Сад и Суботица. Вархеји денеска ќе присуствува на потпишувањето на договорот за грантови донирани од Европската Унија за втората фаза од програмата …

Повеќе »

Патријархот Порфириј доби забрана за влез во Косово, остри реакции од Белград

Властите во Приштина му забранија на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј и на седумте епископи кои го придружуваат да влезат во Косово, каде што за денеска беше закажан состанок на советот на СПЦ во Пеќката патријаршија. -Патријархот требаше да пристигне на Косово во попладневните часови, но пред …

Повеќе »

Судија во Белфаст: Британскиот закон за депортации во Руанда неприменлив во Северна Ирска

Британскиот закон за депортација на баратели на азил oд Руанда не треба да се применува во Северна Ирска бидејќи делови од законот се спротивни на Европската конвенција за човекови права и правата од Мировниот договор од Велики петок од 1998 година, пресуди судија во Белфаст. Законот за илегална миграција, што …

Повеќе »