Breaking News

Toni Ivanoski

Клиника Жан Митрев останува здравствена установа со голема доверба меѓу граѓаните

Во последната седмица од април во Клиника Жан Митрев биле направени рекорден број дијагностички прегледи од почетокот на годината, вкупно 1610, најголем број МР (магнетна резонанса) 40, рендген прегледи 108, интернистички прегледи биле направени 469, а во само таа недела биле изведени и 19 кардиохируршки операции. Вкупниот број операции од …

Повеќе »

ОМФИФ: И годинава Народната банка е светски лидер според застапеноста на жените на раководни места

Британскиот официјален форум на монетарни и финансиски институции ‒ ОМФИФ, годинава ја рангира Народната банка како прва во светот меѓу централните банки и финансиските институции според застапеноста на жените на раководни позиции. Ова е дел од објавата посветена на Индексот на родова еднаквост во финансиските институции за 2022 година, со …

Повеќе »

Невработеноста во Грција намалена на 10,9 отсто

На 10,9 проценти се намалила невработеноста во Грција во март годинава, од 12,7 отсто истиот месец лани и од 11,3 проценти во февруари 2023 година, според официјалните податоци од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина. Во земјата невработени се 508.744 лица, за 100.395 помалку во однос …

Повеќе »

„Тиквеш“ ја донесе првата современа мобилна полнилница за вино во земјава

Винарската визба „Тиквеш“ воведе уште една технолошка новина во македонската винска индустрија – мобилно полнење на вино. Употребата на оваа технологија, која за првпат се применува во Македонија, но и пошироко на просторот на Западен Балкан, има големо значење за натамошното унапредување на квалитетот на вината произведени во винарници кои …

Повеќе »

НЛБ Банка „Најпосакуван работодавач” во категоријата банки по избор на посетителите на вработување.ком

НЛБ Банка ја доби наградата за „Најпосакуван работодавач” во категоријата банки, во изборот на посетителите на веб порталот вработување.ком, направен за 2022 година. Оваа награда ѝ се доделува на банка која е оценета како најдобра во полето на човечките ресурси, која негува позитивен и продуктивен пристап на работа. Во независната …

Повеќе »

Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза на средба со министерот за финансии

Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза штотуку беа повикани на состанок со министерот за финансии. Пациенти со цистична фиброза денеска протестираат пред Министерството за финансии бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ за сите на кои им е неопходна. Претседателот на …

Повеќе »

Лога: Демократијата зависи од слободата на говорот и независноста на медиумите

Демократијата зависи од слободата на говор и независноста на медиумите, напиша министерот за правда Кренар Лога во честитката до сите новинари, сниматели, фоторепортери, медиуми и медиумски работници, по повод 3 Мај – Светскиот ден на слобода на медиуми. -Новинарите мора да работат професионално и одговорно и да бидат ослободени од …

Повеќе »

Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето до крајот на денов променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени, информираат од УХМР. Во Скопје променливо облачно со повремени …

Повеќе »

Пендаровски: Ќе ја причекам парламентарната расправа, потоа ќе се произнесам за сите осум закони

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека нема да ги потпише измените на Законот за работни односи со кои се предвидува работниците на Коридорот 8 да работат до 60 часа неделно. Пендаровски, како што напомена пред обраќањето на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“, го …

Повеќе »

Полицијата во осум европски земји изврши 150 рации во борба против мафијата

Полицијата во осум европски земји денеска изврши рација на 150 адреси во голема, координирана акција насочена кон озлогласената италијанска мафија „Ндрангета“, соопшти белгиското обвинителство. „Тоа е веројатно најголемата операција досега спроведена во Европа против мафијата Калабрезе“, се вели во соопштението. Во рациите се вклучени околу 3.000 полицајци во Италија и …

Повеќе »