Breaking News

Арена спорт каналите – најдоброто од спортот на едно место


 


Љубителите на спортот и редовните гледачи на врвни спортски настани веќе знаат дека најдоброто од спортот во Македонија и регионот ексклузивно се прикажува на Арена спортските канали.


Медиумската куќа Арена Чанелс Груп, која е во сопственост на Телеком Србија групацијата, во својот состав обединува 16 спортски Арена канали  – три Арена Премиум канали, 10 Арена спорт, Арена 1Х2, Arena Fight, Arena E Sport. На секој од овие канали гледачите може да најдат по нешто за својот вкус – од најпрестижните фудбалски натпреварувања, преку возбудливите ракометни првенства до врвните натпревари од е-гејмингот.

Арена спорт ги поседува и ексклузивните права за пренос на квалификациските натпревари за Европските фудбалски првенства во 2024 и 2028 година, како и за Светското првенство 2026 година, Лига на нации, Лига на шампиони, Лига Европа…


Од лани Арена отвори нова ера во своето постоење со откупувањето на правата за натпреварите од едно од најпрестижните национални фудбалски првенства – Премиер лига, а години наназад ги има правата за шпанската Ла Лига, италијанската Серија А.

На Арена спорт каналите се пренесуваат и натпреварите од Македонската Прва лига, како и АBA 2 кошаркарската лига во кое се натпреварува и скопски МЗТ.


Арена спорт каналите се дел и од понудата на телевизиски канали на сателитската телевизија мСАТ на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ,  членка на Телеком Србија групацијата.