Breaking News

Апел до граѓаните да не отвораат СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава до УЈП


Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda.


-Граѓани, никако не отворајте ја оваа лажна веб-страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите фотографија од вашата лична карта. Споделувањето на вашите лични податоци преку оваа лажна веб-страница, може да предизвика нивна злоупотреба, предупредуваат од УЈП.