Breaking News

Апасиев: Инспекторите на УЈП не смеат да влезат во Струга, Кичево, Гостивар, Тетово или Чаир


За оваа година во буџетот се слеале 120 милиони евра помалку ДДВ од планираното. Ваквиот успех на наплата пратеникот Апасиев го оцени како најслаба наплата на ДДВ во последните година. Според него најголем проблем во наплатата на данокот е селективната работа на Управата за јавни приходи, а разликата која е лесно воочлива за граѓаните е фактот дека во одредени општини наплатата е на исклучително ниско ниво.


Апасиев додаде дека за ваквата ситуација главен проблем е постапувањето на инспекторите, кои во одредени општини каде демографски доминираат припадниците на помалите етнички заедници не го спроведуваат законот. Тој тврди дека опасноста од физички напади врз инспекторите е најчеста причина за неспроведувањето на законот.


„Собрани 120 МИЛИОНИ ЕУР ДДВ помалку од планираното! Најслаба наплата у задњиве 10 години. Ама немојте случајно да пуштите инспектори од УЈП у Струга, Кичево, Гостивар, Тетово или Чаир. Ќе ги истепаат ко ќе им побараат фискална. p.s. Каурите ќе плаќаат. Ама не уште долго“ – напиша Апасиев.