Breaking News

АНДЕРФЕСТ го најави и нивното шестто издание за во октомври 2024 година


На 13ти Октомври во Младинскиот Културен Центар во Скопје, се одржа петтото издание на фестивалот Андерфест. Долгоочекуваното јубилејно издание на фестивалот го имаше своето најдобро издание досега. Одличниот избор на артисти привлече разновидна публика која уживаше во настапите на своите омилени бендови.


Денеска фестивалот АНДЕРФЕСТ го најави и нивното шестто издание во октомври 2024 година.


Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична, велат организаторите на Андерфест.

Наредната година фестивалот повторно ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) и на него ќе земат учество шест македонски бендови кои на сцената ќе ги докажат своите музички перформанси и ќе се мотивираат да продолжат да креираат нови музички дела.


Андерфест фестивалот веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари.

Андерфест фестивал отиде скалило подалеку и го обезбеди своето место на мапата на фестивали посветени на македонски авторски бендови. Со нетрпение очекуваме да дојде наредното издание на фестивалот. Дотогаш слушајте и поддржувајте македонски бендови.