Breaking News

АНАЛИЗА: Општина Тетово, од 2016 наваму, (не)наплата на даноци, такси…


Во континуитет, од 2014 та,  општинската сметка под блокада. Општина Тетово е една од најзадолжените во државата, со доспеани а неплатени милионски обврски по различни основи. Ревизорите нотираат дека на крајот од август 2022 сметката била блокирана за вкупен долг од 6 365 000 евра. Освен за општинскиот буџет, новиот ревизорски извештај се осврнува на наплата на даноци, такси, менаџирање со јавните паркинзипишува Порталб.мк.


8,1 милион евра – ненаплатена комунална такса за паркинзи ..


Во 2016 та година општина Тетово склучила договори со 4 фирми за стопанисување со јавните паркинзи за период од 10 години. Од сите фирми , само една редовно ја плаќала комуналната такса за користење на просторот а една пак општо не била ниту обврзана да плаќа иако имала на располагање јавен простор за паркирање. 

“Другите 3 организатори на паркирање воопшто не уплаќаат такса на уплатната сметка на општината од кои еден од организаторите од склучување на договорот во 2016 година воопшто не е задолжен да врши уплата на комунална такса и организатор кој не е задолжен за уплата на оваа такса се до 2019 година иако договорот е склучен во 2016 година” наведуваат ревизорите и посочуваат дека и покрај ваквата состојба општината не ги раскинала договорите  ниту пак ги одземала дозволите на фирмите кои менаџирале со јавните паркинзи.


Ревизорите откриваат дека и тие суми што се уплаќале на име “комунална такса за паркинзи” , на општинската сметка легнувале еднаш годишно наместо на дневно ниво. Вкупниот износ на ненаплатена комунална такса за паркирање изнесува 8 100 000 евра додека во 2021 та вкупниот приход на општината по основ на наплата на комунална такса за паркинзи изнесувал 6,3 милиони евра.

Општинското ЈП „Градски паркинг – Тетово” кое е надлежно за одржување и користење на јавниот простор за паркирање  имало и обврска наплатената комунална такса да ја уплатува на општинска сметка, но и покрај оваа обврска  до моментот на ревизијата  немало уплатена комунална такса по овој основ,   која за 2020 година изнесувала 34 570 евра а за 2021 година 52 300 евра.


“Градоначалникот да преземе мерки : присилна наплата на ненаплатената комунална такса по основ на користење на простор за паркирање и  еднострано раскинување на договорите со правните лица кои не ја уплатуваат таксата за користење на паркинзите”

Наплата на такси, даноци…


По основ на данок на имот, данок на промет и данок на наследство општината во 2021 наплатила скоро  2 милиони евра. Од друга страна  само по основ на  данок на имот општината има побарувања  во износ од 4 милиони евра.

                                          Ненаплатени даноци 2021

Данок на имот                                                               4 000 000 евра

Комунална такса за фирми                                        1 844 000 евра

Ком.такса за користење деловен простор                 270 534 евра

При наплата на данок на имот и други давачки, ревизорите нотираат постапувања кои се спротивни на закон :

-нема извршено ажурирање на пазарната вредност на целиот недвижен имот на територијата на општината

-не се утврдени стапки за данок на промет и наследство и подарок. При пресметка се применуваат стапки согласно Законот за даноците ( во тек на ревизијата донесена одлука за утврдување на стапки )

-Во месец ноември 2021 година доставени се опомени за ненаплатен долг по основ на данок на имот и данок на промет на недвижности, а не се продолжени мерки за присилна наплата

Без одлука на општинскиот совет на крајот од 2018 та година Општина Тетово отпишала побарувања по основ на данок на имот во износ од скоро 560 000 евра и отпис на побарување по основ на комунална такса за фирма заклучно со 2015 во износ од 226 000 евра. Во 2022 донесена е Одлука за ажурирање и усогласување на побарувањата и обврските на Општина Тетово, со која е направен отпис на побарувања од 2005 до 2020 година во износ од 173 600 евра како и ажурирање на претплати во износ од 43 000 евра.

Тогашната градоначалничка Теута Арифи до ревизорите испратила одговор-образложение на само четири позиции. Во однос на блокираната сметка наведува :

“Податоците дадени за блокирањето на сметката и судските одлуки околу лимитот за функционирање на општината би требало да се доведат во корелација со останатите буџетски прашања”.