Breaking News

АНАЛИЗА: Долгови на општини и Јавни претпријатија, меѓу најзадолжените Тетово, Гостивар и Град Скопје


 


Град Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од 7,3 милиони евра, на крајот на 2023 та се најде меѓу најзадолжените. Во првите десет и натаму котираат Тетово и Гостивар. На новата должничка листа, со милионски долгови,  голем број на Јавни претпријатија формирани од државата, Град Скопје и од општините.    Порталб.мк ги рангира десетте најзадолжени општини и Јавни претпријатија.


Вкупниот долг на општините скоро 59 000 000 евра …

Во првите десет најзадолжени општини и во 2023 та се Тетово и Гостивар. Според податоците од Министерството за финансии, општина Тетово со доспеани а неплатени обврски во износ од 8,3 милиони евра е рангирана на деветтото место на новата должничка листа. Локална власт на Тетово  пријавила уште 109 000 евра по основ на недоспеани обврски. Општина Гостивар со доспеан неплатен долг од скоро иста сума како Тетово, 8,3 милиони евра е рангирана на десеттото место. Веднаш зад овие две општини е Град Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од  7,3 милиони евра.


Доспеани а неплатени обврски 2023

Општина Тетово                                 8 337 000 евра


Општина Гостивар                             8 316 000 евра

Град Скопје                                         7 335 450 евра


Општина Охрид                                 5 210 000 евра

Општина Делчево                             3 135 430 евра

Општина Желино                              2 303 143 евра

Општина Кисела Вода                      1 795 100 евра

Општина Струга                                  1 701 300 евра

Општина Василево                            1 508 200 евра

Општина Аеродром                          1 092 200 евра

Според висината на долгот, трета најзадолжена е Општина Охрид со износ од 5,2 милиони евра а милионски долгови пријавиле и Општина Делчево 3,1 милион евра, Општина Желино  со 2,3 милиони евра, Општина Кисела Вода со износ на долг од 1,7 милиони евра и Општина Струга со приближно иста сума од 1,7 милиони евра. Општина Василево пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 1,5 милиони евра а Општина Аеродром должи скоро 1,1 милион евра. Долгот на останатите општини се движи под еден милион евра.

Општинските јавни претпријатија должат 77 000 000 евра ..

Меѓу најзадолжените јавни претпријатија формирани од Град Скопје е ЈП Водовод и канализација – Скопје кое со доспеани обврски во износ од 9 милиони евра се наоѓа на седмото место на новата должничка листа. Слична сума должи и ЈП Водовод Куманово кое е рангирано на осмото место.  Со висина на долг од  6,4 милиони евра , на 13 то место се наоѓа ЈП Колекторски систем – Скопје а со милионски долгови зад него се рангирани ЈП Водовод Охрид со скоро 6,1 милион евра и ЈКП Тетово со 5,7 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски 2023

ЈП Водовод и канализација – Скопје                        9 072 305 евра

ЈП Водовод Куманово                                                   9 042 344 евра

ЈП Колекторски систем Скопје                                   6 409 000 евра

ЈП Водовод Охрид                                                         6 100 000 евра

ЈКП Тетово – ЦО Тетово                                                 5 745 644 евра

ЈСП Скопје                                                                        4 496 141 евра

ЈП Комуналец Струмица                                              4 161 700 евра

ЈП Водовод и канализација Струга                           3 790 675 евра

ЈП Чистота и зеленило Куманово                              3 591 400 евра

ЈП Комуналец Гостивар                                                3 437 400 евра

ЈСП – Скопје кое во континуитет се соочува со политичко-финансиски превирања, на крајот на 2023 та пријавило долг во износ од скоро 4,5 милион евра. ЈП Комуналец Струмица пријавило долг од  речиси 4,2 милиони евра а зад него се ЈП Водовод и канализација Струга со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 3,8 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило Куманово со 3,6 милиони евра и ЈП Комуналец Гостивар со пријавени 3,4 милион евра. Вкупниот долг на сите ЈП на државно, градско и локално ниво на крајот на декември 2023 та изнесувал скоро 77 000 000 евра. Јавните претпријатија во континуитет се соочуваат со финансиски проблеми кои се заострија со енергетската криза но во исто време го задржуваат статусот на државни фирми за вработувања по партиски клуч.