Breaking News

АНАЛИЗА: Банките “пливаат“ во профити, раст на нефункционалните кредити!


Во првата половина од годинава банките “тријат раце“, профитот на ниво на банкарскиот сектор е зголемен за фантастични 35,3% во споредба со истиот период лани. Од друга страна овој раст на добивката не е засенет од растот на нефункционалните кредити на фирмите и на граѓаните. Само по основ на потрошувачки и на станбени кредити на крајот од август граѓаните должеле 3 200 000 евра.


Фирмите “претпазливо“ се задолжуваат со кредити..


За само три месеци, или во вториот квартал од годинава,  салдото на нефункционални кредити , и на фирмите и на граѓаните, е зголемено за 6,8 милиони евра или за 3,5%. Во вкупните нефункционални кредити доминираат оние на компаниите – уделот  на крајот од првиот економски квартал се зголеми до ниво од  65,3%.  Зголемувањето на нефункционалните кредити е присутно кај повеќе индустрии како текстилниот сектор, трговијата, градежништвото.

                           Квартален раст на нефункционални кредити 


Текстилна индустрија                                                        +145,8%

Трговијата на големо и мало                                                +6,6%


Градежништвото                                                                      + 5,1%)

Хемиската индустрија                                                            + 25,7%


“Зголемувањето на нефункционалните кредити е присутно кај повеќето економски дејности, а е најзначајно кај „текстилната индустрија“ , 3 600 000 евра 145,8%.  Високата квартална стапка на раст на нефункционалните кредити кај секторот „индустрија“, речиси во целост е определена од нефункционалноста изложеност кон една компанија од текстилната индустрија. Наспроти тоа, намалување на нефункционалните кредити има кај дејноста „транспорт и складирање“, услужниот сектор и кај останатата преработувачка индустрија“ – се наведува во новата анализа на НБМ за банкарскиот сектор во земјава.

                     Состојба на нефункционални кредити ( прва половина од 2023)             

Стапка на нефункционални кредити              2,9%

Нефункционални кредити на фирми           3,9%

Нефункционални кредити на граѓани          1,9%

Во вториот квартал нефункционалните кредити на претпријатијата се зголемиле за 4,1%.  Од друга страна, поради инфлациските притисоци кои влијаат врз економскиот амбиент компаниите воздржано се задолжуваат со нови кредити. Во август, на месечно ниво е забележан пад на кредитите за компаниите за 0,3%.

Потрошувачките и станбените кредити “најпроблематични“ за отплата

Граѓаните најмногу се задолжени по основ на потрошувачки и на станбени кредити – токму и по овој основ е најголемиот раст  на нефункционални кредити во апсолутен износ. Новите анализи за банкарските ризици покажуваат дека во вториот квартал од годинава нефункционалните кредити на домаќинствата се зголемиле за 3,1% или  за нови 2 061 000 евра.

                             Квартално зголемување на нефункционални кредити

Компании                            + 6 800 000 евра

Домаќинства                       +2 061 000 евра

Најголем процентуален раст на квартално ниво има кај нефункционалните кредити за купување на стан  и деловен простор за 7.5%.

                             Квартално зголемување на нефункционални кредити

Потрошувачки кредити                                        +3,3%

Негативни салда на платежни сметки              +3,8%

Купување стан и деловен простор                    +7,5%    

Показателите за ликвидност на банкарскиот сектор се на задоволително ниво, солвентноста  бележи подобрување, кредитното портфолио го задржа квалитетот  – оценува Народната банка. Во вториот квартал од годинава во споредба со истиот период лани добивката на банките е зголемена за дури 35,3%.

“Зголемената добивка најмногу произлегува од растот на нето каматните приходи, а извесен придонес имаше и зголемувањето на нето-приходите од провизии“ се нотира во извештајот.  

Со серијата на потези на НБМ за затегнување на монетарната политика банките изминатиот период освен што ги зголемија каматите за кредитите ги поскапеа и провизиите. Според најновите податоци на крајот на август вкупната кредитна изложеност изнесува 7 056 000 000 евра со годишна стапка на раст од 6,4%. Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 1 900 000 евра а за станбени кредити 1 307 000 евра.  

На ниво на целиот банкарски сектор нефункционалните кредити се на ниво од 2,9% .