Breaking News

Амбасадорот Гир во посеата на општина Ново Село


Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети Општина Ново Село.


– Ова е шеста од серијата општински посети. Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапните преговори со ЕУ и нивното влијание врз секојдневието на граѓаните, велат од Делегацијата на ЕУ.


За време на престојот во Ново Село, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации.

– Амбасадорот ќе учествува и на кафе-дебата со граѓаните за да одговори на прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија, соопштуваат од Делегацијата на ЕУ. ир/вг/


Фото: МИА архива