Breaking News

Албанската Влада одобри фонд од милион евра за настраданите подрачја од земјотресот во Турција


Милион евра е фондот што Албанија ќе и го даде на Турција како поддршка за закрепнување од последиците од трагичниот земјотрес, за што одлука донесе Владата.


-Албанската Влада одобри финансиска помош, во износ од милион евра за Турција, во напорите да закрепне од последиците од трагичниот земјотрес со над 43.000 жртви и уште илјадници кои останаа без своите домови. Одлуката доаѓа како благодарност за поддршката што Анкара и ја даде на нашата земја, но и како хуманитарен однос кон народот, стои во соопштението прес службата на Владата.


Финансиска помош во овој износ претходно најави премиерот Еди Рама на дарителската акција „Турција едно срце“, кога во телефонски разговор, за време на акцијата изрази и сочувство до семејствата на жртвите и искажа поддршка за турскиот народ.

-Ние сме со турскиот народ. Во име на албанскиот народ сакаме да донираме 1 милион евра. Знам дека тоа не е малку, но потребите се многу, многу поголеми. Важно е нашите срца да се едно и да го направиме најдоброто, рекол Рама.


Покрај спасувачките и медицински тимови кои Албанија ги упати во Турција веднаш по земјотресот, организирани беа акции за собирање хуманитарна помош и истата спорачана, а 13 февруари во земјата беше ден на национална жалост. вт/ссм/

Тирана, 23 февруари 2023 (МИА)