Breaking News

Адеми: Eнергијата е основа на сoциоекономсиот развој и стабилност


Вјолца Адеми, член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК) денеска учествуваше на седницата на Комисијата за економски, трговски и финансиски прашања, која се одржа онлајн, како член на Комисијата.


Комисијата, како што информира собраниската прес-служба, расправаше за Предлог-извештајот„Улогата на парламентите во подобрувањето на енергетската безбедност во земјите-членки на БСЕК“. Овој предлог-извештај беше претставен од страна на Вјолца Адеми, во својство на известувач по оваа точка на дневниот ред.


Адеми во нејзиното излагање рече дека енергијата е основа на сoциоекономсиот развој и стабилност, како и важен предуслов за постоењето на луѓето. Енергетската безбедност, продолжи таа, имплицираат економски, социјални, политички промени и вештачки и природни опасности, кои се нераскинливо испреплетени.

Пратеничката Адеми потенцираше дека во рамки на ПАБСЕК е неопходно да се прошири дијалогот меѓу земјите извозници, увозници и транзитни земји за да се зајакнат добрососедските односи и да се спречи можна злоупотреба на енергетските пазари.


– На седницата, членовите на Комисијата расправаа и за енергетската оптимизација, за активностите на БСЕК, како и го избра Олександар Мариковски од Делегацијата на Украина за претседател на Комисијата, се вели во соопштението. мд/лв/

Скопје, 7 април 2023 (МИА)