Breaking News

АД МЕПСО донира три милиони денари за настраданите во земјотресот во Турција


Управниот одбор на АД МЕПСО во знак на солидарност и поддршка донесе одлука за доделување на парична помош во висина од три милиони денари за настраданите граѓани во катастрофалниот земјотрес што се случи на 6 февруари во Турција.


-Средствата ќе бидат уплатени на наменската сметка за помош која по повод трагичниот настан е отворена од страна на Црвениот крст во нашата земја, информираат од АД МЕПСО. вј/нд/