Четири талентирани студенти од Електротехничкиот факултет и Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип добија стипендии од АД ЕСМ како дел од практиката за поддршка на образовниот процес и вложување во младиот потенцијален кадар.
Стипендиите се во износ од 80.000 денари годишно и се доделуваат еднократно за една академска година. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, а стипендиите се продолжуваат еднаш годишно врз основ на исполнување на утврдени критериуми пропишани во договорите за стипендирање што, пак, се услов за продолжување на стипендиите.
АД ЕСМ и понатаму ќе продолжи со поддршка за младите и нивното образование, создавајќи кадри кои се важни за пазарот на трудот, со посебен фокус во областа на електротехниката, машинството, рударството и информациските технологии.