5 причини зошто огласувањето на Пазар3 е одлично за Вашиот бизнис


Pazar3 mk е добра познатата дестинација за сите оние кои што сакаат да продаваат и купуваат лесно, брзо и едноставно! Неверојатната бројка од 3000 продавници, укажува на големата популарност и многубројните предности кои правните лица ги имаат при огласувањето на Пазар3.мк. Во продолжение, ќе споделиме со Вас неколку причини поради кои Пазар3 е избор број 1 за сите бизниси кои сакаат да продаваат брзо и едноставно онлајн.


1.   Поседување на сопствен мини веб сајт бесплатно

Регистрирањето на продавница на Пазар3.мк е целосно бесплатно! Со креирање на продавница, бизнисот добива свој сопствен профил на Пазар3.мк. Во Пазар3 продавницата, секое правно лица има можност да ги претстави своите производи и услуги, да ги прикаже своите контакт информации, и да додаде фотографија од својот бизнис.


Со регистрирањето на продавница на Пазар3.мк, Вие не треба да се грижите за Вашето онлајн присуство и немате потреба од креирање на Ваш сопствен веб сајт. Пазар3 продавницата Ви овозможува да ги искористите сите предности од онлајн продажбата.

2.   Голем број на посетители на дневна основа

Пазар3 е најпосетуваниот веб сајт во државата! Секојдневно Пазар3 го посетуваат повеќе од 70.000 корисници, кои се во потрага можеби токму по Вашиот производ или имаат потреба од Вашите услуги. Предноста од огласувањето на Пазар3 се состои во тоа што оние кои го посетуваат Пазар3 се навистина заинтересирани за купување, така што Вашата целна публика е со сигурност на Пазар3.мк!


3.   Бесплатно организирање на карго достава

На Пазар3.мк можете да ги продавате своите производи онлајн, со карго достава до дома! Имено, Пазар3 Ви нуди бесплатно организирање на доставата од Вашата физичка продавница, Вашиот магацин и сл. до адресата на купувачот.

Вие немате потреба да се грижите за начинот на кој Вашиот производ ќе стигне од Вашата продавница до купувачот. Пазар3 има соработка со добро реномирана карго компанија, со што можете да бидете сигурни дека производот ќе стигне до купувачот брзо и безбедно.


4.   Специјални можности за промоција само за правните лица

Пазар3 нуди неколку специјални можности за промоција кои можат да ги искористат само правните лица. Една од нив е опцијата за ексклузивно огласување со која што правните лица т.е. продавниците на Пазар3 имаат можност да ги искористат екстра опциите Галерија + Прикажување на лого + Посебно означување + Автоматско обновување + Топ позиционирање + SMS нотификации по пониска цена. Дополнително, правните лица можат да се промовираат преку банери или на некој од социјалните мрежи каде што е застапен Пазар3.

Исто така, Пазар3 за своите клиенти има и посебни пакети за промоција, и е отворен за соработка со секој клиент спрема неговите желби и потреби.


5.   Пониски цени за огласување на правни лица

Пазар3 секогаш се стреми да им обезбеди на своите клиенти најповолни услови за огласување на своите производи и услуги. На сите правни лица, Пазар3 им нуди можност да огласуваат по пониски цени во споредба со цените кои се наменети за физичките лица. Регистрацијата на оглас за само 30 денари, и обновата на огласи за само 15 денари го прават Пазар3 идеална опција за сите бизниси без разлика на индустријата во која што работат.

Регистрирајте ја Вашата компанија на Пазар3.мк веднаш и уверете се во сите придобивки кои ги нуди овој сајт за огласување!