Breaking News

5 елегантни подароци за 8 Март за дамите со кои соработувате


Најважниот празник на жените, без сомнение, е 8 Март. Денот што се одбележува низ целиот свет е признание за многуте жени што своевремено протестираа за женските права. Денес, 8 Март го славиме како Ден на жената и на нејзиниот придонес во општеството.


Во бизнис-круговите овој датум е важно да се почитува, барем со симболичен подарок. Сепак, мора да одберете соодветен подарок и да знаете точно каква порака пренесувате.


Важно е да не подарувате нешта што не се соодветни за бизнис-релациите што ги имате, но, исто така, важно е и подарокот да биде интересен и корисен. Секогаш е добра идеја подарокот да има личен белег и да одберете различен подарок за секоја посебна личност.

Доколку не можете да одберете, еве неколку идеи, кои, можеби, ќе ви помогнат да ја донесете крајната одлука. Продолжете и погледнете ги петте идеи што секогаш одговараат за 8 Март.


  1. Чоколада за секоја прилика

Има научно докажана причина зошто сите сакаат чоколада. Меѓу другите нешта што ги содржи чоколадата, тука е и аминокиселината триптофан. Триптофанот е директно заслужен за поттикнување на мозокот во создавање серотонин. Серотонинот, пак, е невротрансмитер што прави да се чувствуваме среќно и задоволно.

Токму затоа чоколадата е симбол за среќа и за убави чувства. Подарувањето чоколада симболизира посакување среќа и убави моменти. Колку што е поубава чоколадата, толку е подобар подарокот. Одберете пакување што е навистина вкусно и бидете сигурни дека сте направиле добар избор.


Добрата работа околу чоколадата како подарок е што може да ја дадете и на колешките и на жените што, можеби, ви се надредени, но и на бизнис-партнерите и на клиентите. Со чоколада сигурно нема да погрешите кога подарувате.


  1. Цвеќе и растенија за колешките во канцеларијата

Цвеќе и празникот на жената – комбинација што се чини совршена. Ако не сте сигурни што да одберете и да им подарите на колешките во канцеларија, тогаш одберете цвеќе. Посетете ја блиската цвеќарница и побарајте рози за секоја од нив или одберете растение што може да го понесат дома или остават на работното биро.

Најдобро е да прочитате повеќе за симболиката на различни типови цвеќиња или растенија и на секоја колешка да ѝ подарите цвеќе што сметате дека е совршено за неа. Не мора сите да добијат еднообразен подарок. Истражете малку подетално и изненадете ги драгите колешки.

  1. Накит за бизнис-соработнички

Елегантен накит е тип подарок што може да има одредена вредност, па важно е да го подарите на личност на која навистина сакате да ѝ изразите благодарност што постои во вашиот професионален живот.

Доколку размислувате што да им подарите на жените со кои соработувате, накитот е одлична опција. Погледнете ги многубројните онлајн и воопшто и одберете обетки, синџирчиња, алки или нешто слично.

  1. Персонализирана шолја спакувана во пакет со кафе или чај

Веќе споменавме дека најдобрите подароци се тие што ќе бидат направени специјално за личноста што ги добива. Во пресрет 8 Март можете да нарачате шолји со принтови кои ќе бидат персонализирани за секоја колешка поединечно, но можете и да нарачате унифициран принт со логото на компанијата или одделот во кој работите.

Дополнително, побарајте пакет вкусно еспресо или различни чаеви и направете прекрасен подарок, кој ќе ги израдува колешките и соработничките.

  1. Книга со која ќе ги поттикнете личниот раст и развој

Иако стереотипот околу 8 Март вели дека цвеќе, чоколада и накит се вистинскиот избор, сепак, на работното место одличен подарок е добра книга. Одберете наслов што ќе ги обработува личниот раст и развој или специфична литература поврзана со индустрија во која работите.

Овие опции се одлични и сигурно нема да згрешите, но доколку чувствувате дека белетристика е подобар избор, тогаш посетете ги книжарниците и побарајте некои од класиците, кои и сами ги обожавате, или нови популарни наслови за кои сите зборуваат. Книгите остануваат засекогаш и може да се читаат веднаш или подоцна, па претставуваат одличен подарок за секоја пригода.